Активности



Вторник, 16 јуни 2009 година

Иднината на Република Македонија е во Европската унија

Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г- ѓа Силвана Бонева, и членовите се сретнаа денеска со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч.На средбата претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч, беше запознат со активностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции. Исто така, гостинот беше запознат со успешното спроведување на реформите во Република Македонија за добивање на датум за преговори за членство во Европската унија и за добивање визна либерализација.

Иднината на Република Македонија е во Европа и тука нема дилеми, постојат некои пречки, но Република Македонија треба да продолжи да ги следи европските стандарди и стандардите на Советот на Европа, а Советот на Европа е секогаш подготвен да помогне во тоа, беше истакнато на средбата.


Исто така беше истакнато дека Советот на Европа е пријател на Република Македонија и тој не наметнува решение за спорот со името со Република Грција, туку дека Советот на Европа ќе го прифати она што ќе се договори и постигне меѓу двете страни.
 

 

Click