Активности



Четврток, 11 јуни 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледан Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за странци

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на седницата, одржана на 9 јуни 2009 година, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за странци (прво читање).

Претседателот на комисијата, г. Петар Поп-Арсов, истакна дека донесувањето на законот за изменување и дополнување на Законот за странци претставува чекор поблизу до добивањето визна либерализација за Република Македонија и токму поради донесувањето на вакви закони, Република Македонија е лидер во регионот по однос на исполнувањето на критериумите за добивање на визна либерализација, што како факт е потврдено од страна на оценските мисии на Европската комисија.

Претставникот на Владата  на Република Македонија, заменик-министерот за внатрешни работи Џевад Бучи, на поставено прашање образложи дека носител на валидна патна исправа на трета земја, кој има регулирано постојан престој во земја-членка на ЕУ или потписничка на Шенгенскиот договор, може да престојува во нашата земја доколку не е протеран од Република Македонија и доколку нема важечка забрана за влез и не претставува опасност за јавниот ред, националната безбедност и јавното здравје или за меѓународните односи на Република Македонија.

Комисијата со седум гласа „за” и еден „воздржан” заклучи дека законот за изменување и дополнување на Законот за странци е прифатлив за понатамошно читање. 

Click