Активности



Петок, 19 јуни 2009 година, Брисел

Поддржана кандидатурата на Жозе Мануел Баросо

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија се согласија да ја поддржат кандидатурата на актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо за нов петгодишен мандат. Реизборот на г-дин Баросо треба да го потврди Европскиот парламент, кој на 9 јули ќе одлучи дали ова перашање ќе биде на дневниот ред на седницата пред летната пауза.

Пред започнувањето на Самитот во Брисел, г-дин Баросо преку писмо до Советот на Европа ја достави својата програма за втор мандат.

Што се однесува на втората важна тема на Самитот – давање гаранции на Ирска за прифаќање на Лисабонскиот договор, шефовите на државите и владите на ЕУ не успеаја да постигнат согласност и дебатата за нов референдум во Ирска ќе продолжи на вториот ден од Самитот.

Минатата година Ирците на референдумот не го поддржаа Лисабонскиот договор за реформи на институциите на Европската унија. Целта на Даблин е да се добијат гаранции од ЕУ дека се направени измени во деловите кои тие ги сметаа за спорни и загрозувачки по нивните национални интереси.

Покрај овие две теми, на Самитот беше постигнат принципиелен договор за јакнење на финансискиот надзор со цел спречување на нова криза. Предвидено е формирање на три паневропски тела за надгледување на работата на банките, осигурителните компании и финансиските пазари.



Click