Активности



Четврток, 18 јуни 2009 година, Тромзо, Норвешка

Потпишана Конвенција за право на пристап до службени документи

Дванаесет земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои и Република Македонија, на 29-та Конференција на европските министри за правда во Тромзо, Норвешка, потпишаа Конвенција за право на пристап до службени документи. Ваквата Конвенција е прв меѓународен правен инструмент од ваков тип, што од една страна е значаен во остварувањето на основните човекови права, а од друга страна го јакне легитимитетот на јавните власти во очите на јавноста и нејзината доверба во нив.

Оваа Конвенција, која ќе стапи на сила откако ќе ја ратификуваат пет држави, ги одредува минималните стандарди кои се применуваат во обработката на барања за пристап до службените документи, постапката на ревизија и комплементарни мерки. Ограничувањата на правото на пристап до службени документи се за да се заштитат одредени интереси, како национална сигурност, одбрана и приватност. 

Во потпишувањето на Конвенцијата, покрај Македонија, учествуваа уште Белгија, Естонија, Финска, Грузија, Унгарија, Литванија, Норвешка, Црна Гора, Србија, Словенија и Шведска.

Click