Активности

Среда, 10 јуни 2009 година, Комисија за образование, наука и спорт

Разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високо образование

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на Седницата одржана на 9 јуни 2009 година, во второ читање го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високо образование.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата, со мнозинство гласови му предлага на Собранието на Република Македонија да го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование.
Click