Активности



Понеделник, 1 јуни 2009, Комисија за економски прашања

Разгледан Предлогот на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија

Комисијата за економски прашања на Осумнаесеттата седница како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија.

Потреба од донесување на овој закон е допрецизирање и појаснување на начинот на кој јавните претпријатија и друштвата коишто вршат јавна дејност треба да го водат своето финансиско и материјално работење.

Во текот на практичната примена на постоечките одредби од законот, Државниот завод за ревизија укажа на потребата за допрецизирање на некои одредби од постојниот закон.

Станува збор за две суштински измени. Првата се однесува на пропишување на обврска на јавното претпријатие и друштвото кое врши дејност од јавен интерес, водењето на сметководството, подготвувањето и поднесувањето на годишната сметка и финансиските извештаи да го вршат согласно Законот за трговски друштва, усвоените меѓународни сметководствени стандарди за финансиско известување. Втората измена се однесува на прецизирање на условите под кои јавните претпријатија се должни да водат посебна сметководствена евиденција. 

Беше истакнато дека измените на овој закон се однесуваат само на јавните претпријатија и немаат влијание врз бизнис климата.

Комисијата за економски прашања едногласно заклучи дека Предлогот на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање. 

 

 

 

Click