Активности



Понеделник, 1 јуни 2009 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Шеснаесеттата седница како матично работно тело ги претресе Предлог законот за прогласување на локалитетот Алшар за споменик на природата (прво читање) и Предлог законот за изменување на Законот за животна средина (прво читање).

На седницата беа истакнати потребите за донесување на Предлог законот за прогласување на локалитетот Алшар за споменик на природата од аспект на потребата од заштита на одредени природни реткости на локалитетот.

Министерството за животна средина и просторно планирање има намера да организира работен состанок со пратениците и други релевантни фактори со цел да се разгледаат пројавените прашања и дилеми и да се изнајдат правилни решенија, коишто ќе го подобрат текстот на законот и ќе го направат јасен и прецизен, а особено применлив во пракса.

Комисијата го претресе и Предлог законот за изменување на Законот за животна средина. Преставникот на Владата во своето образложение ги изнесе основните цели што ќе се постигнат со донесување на овој закон, а кои се однесуваат на намалување на одделни давачки при увоз на половни моторни возила.

По разгледувањето на двата Предлози, Комисијата за транспорт, врски и екологија оцени дека тие се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.

Click