Активности



Вторник, 9.6.2009 година

Соработката меѓу Собранието на Република Македонија и хрватскиот Сабор е со подолга традиција

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи со членовите, денеска имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.

Собранието на Република Македонија има подолга традиција за соработка со хрватскиот Сабор, а Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија е една од поактивните. Република Македонија и Република Хрватска се добар пример за добра меѓудржавна соработка.

На средбата се разговараше за периодот кој следи, а во кој двете држави можат заедно да направат многу. Треба да се искористи шведското претседателствување со Европската унија, за Република Македонија да добие визна либерализација и дата за преговори за членство во ЕУ.

Гостите беа пријатно изненадени од јасните пораки што им ги испратија домаќините и од пренесеното искуство и се дојде до заклучок дека блокадите што ги имаат двете држави не смее да биде демотивирачко, туку, напротив, дека треба да се продолжи со спроведувањето на реформите затоа што тие повеќе им се потребни на самите граѓани отколку на Европската унија.



Click