Активности



Вторник, 16 јуни 2009 година

Средба на г. Оливер Шамбeвски со г. Луис Мариа де Пуч

Шефот на делегацијата на Собраниете на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Оливер Шамбевски, и членовите се сретнаа денеска со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Мариа де Пуч.

На средбата се разговараше за изборот за новиот генерален секретар на Советот за Европа и за важноста на претседателствувањето на Република Македонија со Советот за Европа од мај 2010 година.

Исто така, гостинот беше запознат со актуелната состојба во Република Македонија и напредокот во однос на исполнувањето на обврските и заложбите преземени од Република Македонија при приемот во Советот на Европа.

 

Click