Активности



Понеделник, 8.6.2009 година

Средба на г. Петар Поп Арсов со г. Невен Мимица

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп Арсов со членовите, во Собранието на Република Македонија, денеска имаше средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.

Оваа средба произлезе од договорот на последната средба на КОСАК и е корисна за да се споделат искуствата на двете држави во процесот на евроинтеграциите. Република Македонија има два основни приоритета во евроинтегративните процеси, добивање визна либерализација и добивање датум за преговори за влез во Европската унија.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов, ги запозна гостите со работата на Комисијата за европски прашања и со активностите на самата комисија.

И претседателот на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска, г. Невен Мимица ги запозна домаќините се работата на комисијата, која во хрватскиот Сабор е формирана во 2005 година.

На средбата се разговараше за заедничко делување во насока на што побрзо побрзо добивање дата за преговори на Република Македонија за влез во Европската унија и што побрзо влегување на Република Македонија во Европската унија.

 

 


Click