Активности



 Вторник, 23 јуни 2009 година

Средба на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија со Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска имаше средба со Делегација на Комисијата за надворешна политика на Националниот совет на Парламентот на Република Словенија.На средбата се гостите беа запознати со работата на Комисијата за европски прашања и со нејзините приоритети: добивање на визна либерализација до крајот на оваа година за граѓаните на Република Македонија и добивање на датум за преговори за членство на Република Македонија во Европската унија годинава.

Добивањето на датум за преговори за членство во ЕУ оваа година ќе придонесе за развој и просперитет на земјата и стимул за забрзани реформи во целиот регион.

Република Словенија континуирано и дава поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО и обврска на политичарите на Република Македонија е да го реализираат европскиот сон на граѓаните, и затоа динамиката за исполнувањето на осумте критериуми што Европската унија и ги даде на Република Македонија во март месец минатата година можеше да биде и побрза.

Click