Активности



Среда, 10 јуни 2009 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски го прими новоименуваниот амбасадор на Португалската Република, НЕ г.Луис Де Алмеида Сампаио

Претседателот Вељаноски на средбата изрази надеж дека во иднина и Португалија и Македонија ќе отворат свои резидентни амбасади и со тоа ќе се отвори можност за зајакнување на политичката и економската соработка меѓу двете земји. Претседателот на Собранието го запозна амбасадорот Сампаио со политичката состојба во Република Македонија, потоа за реформите кои ги прави државата по прашањето на интеграцијата во НАТО и во ЕУ, за големата поддршка што Република Македонија ја има од граѓаните за евроатлантските интеграции, како и за очекувањата за визна либерализација и добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ. Претседателот Вељаноски уште изрази и подготвеност да се интензивира парламентарната соработка помеѓу Македонија и Португалија на сите нивоа.

Амбасадорот Сампаио ја потенцираше поддршката која Португалија и ја дава на Република Македонија кон нејзиното евроатлантско интегрирање и изрази надеж дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина. Амбасадорот во потполност се согласи со претседателот Вељаноски дека отварањето амбасади во Македонија и во Португалија ќе биде многу корисно за двете земји во воспоставување на поблиски односи и се заложи лично да се ангажира за зајкнување на парламентарната соработка на двете страни.

Click