Активности



Вторник, 16 јуни 2009 година

Средба на Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски со претседателот на Парламентарното собрание на СЕ Луис Мариа де Пуч

Парламентарното собрание на СЕ ја поддржува Македонија за нејзино зачленување во Европската унија
На денешната средба, која помина во отворена и пријателска атмосфера, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека Република Македонија токму преку Советот на Европа го започна процесот на интеграција во евроатлантските структури. Во исто време, токму со прифаќање и имплементирање на стандардите и принципите на Советот на Европа, а тоа се човековите права, демократијата, владеењето на правото и мирот, ние ги започнавме нашите реформи кои ги правиме пред сè за нашите граѓани, бидејќи само така може да се обезбеди политичка и економска стабилност, но и развој.

Потсетувајќи дека Македонија ги има ратификувано речиси сите конвенции и документи на Советот на Европа, претседателот Трајко Вељаноски истакна дека посебно внимание се посветува и на регионалната соработка, бидејќи само така можеме да обезбедиме мир, стабилност и европска иднина на целиот регион.

Во разговорите стана збор и за подготовките кои Македонија ги прави за престојното претседавање  со Советот на Европа.

Претседателот на парламентарното Собрание на СЕ, Луис Мариа де Пуч, истакна дека овојпат доаѓа во Република Македонија со многу лесна задача. Сакам од една страна да изразам признание за сè она што го имате направено, а верувајте сте направиле многу. Во истовреме сакам да ве охрабрам да продолжите со тие реформи како и со натамошен развој на човековите права и демократијата, бидејќи тоа е потребно не само овде, туку во секоја држава.

Исто така претседателот на парламентарното собрание на СЕ изрази благодарност што Собранието на Република Македонија свечено ја одбележа  60-годишнината од Советот на Европа. Тоа што посебно сакам да истакнам е дека Вие во тоа ги вклучивте младите, со што на своевиден начин им ги претставивте и ги  запознавте со основните принципи врз кои се темели Советот на Европа.

Click