Активности



Понеделник, 8.6.2009 година

Треба да се искористи шведското претседателствување со Европската унија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, денеска оствари средба со делегација на Комисијата за европски прашања на Саборот на Република Хрватска.На средбата се разговараше за заедничко настапување за побрзо добивање на дата за преговори за влез во ЕУ на Република Македонија и за влез на Република Хрватска во ЕУ за време на шведското претседателствување со Европска унија.

Исто така стана збор за европарламентарните избори кои завршија вчера и за различните ставови во врска со проширувањето од страна на земјите-членки на Европската унија.

Шведска има желба за проширување на Европската унија и затоа треба да се искористи шведското претседателствување со ЕУ се заклучи на средбата.         

Click