Активности



Вторник, 16 јуни 2009 година

За што сè ќе расправа новиот Европски парламент?

Европскиот парламент во новиот, седми мандат, кој ќе трае од 2009 до 2014 година, во законодавниот дневен ред на новите 736 членови вклучува низа важни прашања, меѓу кои и проширувањето на Европската унија, кон што тежнее Република Македонија.

Некои од најважните теми коишто Европарламентот ќе ги разгледа на почетокот од новиот мандат се:

  1. Економски и финансиски прашања;
  2. Климатските промени, опкружувањето и енергетиката;
  3. Транспортот;
  4. Заштита на потрошувачите (јасно етикетирање на производите за исхрана);
  5. Здравство (мобилност на пациентите – лекување без граници, трансплантација на органи, фармацевтски пакет мерки за борба со фалсификувањето и незаконската продажба на лекарства);
  6. Вработување и социјални прашања (директива за работното време);
  7. Индустрија (права на интелектуална сопственост, пакет за електронските комуникации, ограничување во искористувањето на животните за научни експерименти) ;
  8. Имиграција и слободно движење на луѓето (правила за правото на азил, статут на сезонските работници, прием на граѓани од трети држави со цел образование, програми за ученици и обука) ;
  9. Граѓански слободи (санкции за сексуално злоставување на малолетни, помош за жртви на злосторство, заштита на личните податоци од криминални дејствија, пристап до документи, пристап до интернет);
  10. Риболов и селско стопанство;
  11. Финансиски одлуки (колку пари да се одобрат за работата и програмата на Европската унија);
  12. Надворешните односи и проширувањето - е најважната точка за Република Македонија. Степенот на подготвеност за проширување, како и евентуални дати за членство, ќе бидат едни од важните теми во работниот план на Парламентот. Секое проширување на ЕУ бара одобрение од страна на Европскиот парламент. 
    Во оваа точка од Агендата на ЕП влегува и договорот за партнерство и соработка меѓу ЕУ и Русија, како и договорот за економско партнерство со 76 земји од Африка, Карибите и Пацификот;
  13. Институционални решенија (нов претседател на Европската комисија, номинирање на нови членови на разни органи и институции на ЕУ).
Click