Четврток, 31 мај 2010 година

Состанок на Комисијата за обврски и заложби на земјите-членки на Советот на Европа

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, пратеникот Александар Николоски и членот на Делегацијата, пратеникот Игор Ивановски на 31 мај 2012 година во Париз, Франција ќе учествуваат на состанокот на Комисијата за обврски и заложби на земјите- членки на Советот на Европа (Мониторинг комисијата)



Петок, 25 мај 2012 година

Собраниска Делегација на Пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО

Делегација на Собрание на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО предводена од шефот на Делегацијата, г. Талат Џафери, а во чиј состав е и г. Павле Трајанов од 25 до 28 мај учествуваат во работата на Пролетната сесија на ПС на НАТО, која се одржува во Талин, Естонија.

Четврток, 3 мај 2010 година

Полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев
 
Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Соња Мираковска, г-ѓа Ленче Николовска и г. Рафет Мумировиќ, на 4 мај во 10,00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, а по повод 109 години од смртта на великанот, ќе положи венец свежо цвеќе.

Делегацијата во 11,00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот Гоце Делчев на плоштад „Македонија“.
Click