Активности

Вторник, 31 март 2009 година
Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Шестиот состанок на Мешовитиот комитет - Република Македонија и Европска унија во Брисел
Врз основа на член 114 од Спогодбата за стаблизиција и асоцијација на Република Македонија со Европската унија, како и врз основа на Правило 6 од Деловникот за работа на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, Шестиот состанок на Комитетот ќе се одржи на 31 март 2009 година во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија.
На овој состанок од Собранието на Република Македонија ќе учествува делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г. Александар Спасеновски, претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Ко-претседавач на овој Комитет), г-ѓа Славица Грковска-Лошкова, потпретседател на делегацијата, г. Сафет Незири, заменик-член (кој го заменува г. Блерим Беџети, потпретседател на делегацијата), како и членот на делегацијата г-ѓа Владанка Авировиќ. На Шестиот состанок ќе бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европска унија, за процесот на либерализација на визниот режим за граѓаните на Република Македонија, за состојбата во екологијата, особено за периодот од усвојувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија во 2008 година, за состојбите во образованието особено во делот на образовни програми поврзани со тие на Заедницата, како и за процесот на менаџирање со ЕУ фондовите, со посебен осврт на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).
На овој состанок, како што е вообичаено, се очекува да биде разгледана и заеднички усвоена Завршна декларација.


Click