Активности


Вторник, 3.3.2009 година

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи, оствари средба со членови на Комисијата за надворешна политика на Шведскиот парламент

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Теута Арифи, оствари средба со членовите на Комисијата за надворешна политика на Шведскиот парламент Карин Рунесон и Керстин Енгле, на која присуствуваше и амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија Н.Е. Ларс Фреден.

Акцентиот во разговорот беше ставен на активностите на Собранието и Комисијата, текот на кампањата за локалните и претседателски избори, прашањето за визната политика спрема граѓаните на Република Македонија, како и очекувањата од Шведското претседателство со ЕУ.
Претседателот на Комисијата, г-ѓа Арифи информираше за активностите на Собранието, чија динамика во актуелниот период е со намален интензитет, поради текот на кампањата, како и за активностите и надлежностите на Комисијата. Во овие рамки беше коментирана соработката меѓу двете комисии и можностите за нејзино унапредување.
Со оглед на фактот што Република Македонија и понатаму останува посветена на својата стратешка определба за членство во НАТО и во Европската унија, како и градење на демократско општество, многу одговорно се однесува и спрема изборниот процес, што всушност е и критериум за членство во Унијата и добивање на позитивна оцена во следниот Извештај на  Европската комисија.
Во однос на визната политика и претстојното претседателство на Шведска со Унијата, претседателот на Комисијата, г-ѓа Арифи истакна дека Македонија очекува, не само ослободување од визниот режим, туку и враќање на западен Балкан во приоритетите на европската агенда.
Шведските пратеници изразија согласност со домаќинот, особено по прашањето за визите, соработката на ниво на парламентарни комисии за надворешна политика, а беше потврдена пријателската поддршка и помош на Шведска.





 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.