Петок, 29 ноември 2013 година, Подгорица, Црна Гора

Учество на конференција за спроведување на критериумите за родова еднаквост во Западен Балкан

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, заедно со пратеничките г-ѓа Лилјана Кузмановска и г-ѓа Хајрије Мисими учествуваа на конференција за спроведување на критериумите за родова еднаквост во Западен Балкан, која се одржа на 27 и 28 ноември во Подгорица, Црна Гора, во соработка со црногорското министерство за човекови и малцински права и УНДП Црна Гора, а на покана на Мараја Корнелисен.

Во македонската делегација учествуваа и Елена Грозданова, државен советник од Министерството за труд и социјална политика, Афердита Имери од Македонското женско лоби и Јасна Саздова, советничка од Кисела Вода.

Фокусот на средбата беше Извештајот на  Европскиот парламент за правата на жените во земјите-кандидати за членство  од Западен Балкан инициран од европарламентарката  Корнелисен, кој е усвоен од страна на Европскиот парламент, во мај 2013 година. Извештајот нуди детална анализа за постигнатиот напредок на механизмите за родова еднаквост во регионот и предизвиците што претстојат во иднина.

Претставници од парламентите и владите од регионот имаа шанса да дискутираат за наодите од Извештајот и за моменталната ситуација заедно со експертите на ЕУ и организациите на граѓанското општество.

Пратеничката Поповска се произнесе по Извештајот како претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, како и за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година, во делот за родова рамноправност.

Во дискусијата активно се вклучија сите членови на македонската делегација, при што беше забележано дека Македонија предничи на овој план пред другите земји во регионот. Како заклучок беше прифатено да се направи регионално  умрежување на женските структури по примерот на ГТФ (Gender Task Force) од Пактот за стабилност, кој даде огромни резултати за политичкото јакнење на жените.



Среда, 27 ноември 2013 година, Кралството Шпанија

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Сенатот на Парламентот на Кралството Шпанија, г. Пио Гарсиа Ескудеро

Претседателот Вељаноски изрази убедување дека парламентарната дипломатија сè повеќе го зазема своето место и дека ваквите средби допринесуваат кон тоа. Тој воедно, истакна дека за Република Македонија е значајни мислењето и ставот на Кралството Шпанија за случувањата и процесите во Европската унија. Го запозна соговорникот со посветеноста на Република Македонија на патот на еворпското интегрирање и посветеноста кон членство во НАТО алијансата, при што изрази убеденост дека и двете членства наскоро ќе се случат, за доброто на Македонија, за регионот, но и за Европа



Вторник, 26 ноември 2013 година, Кралството Шпанија

Претседателот Вељаноски во работна посета на Кралството Шпанија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски престојува во работна посета на Кралството Шпанија, во рамки на која остварува средби со своите колеги спикери на двата дома на Парламентот на Кралството Шпанија, Конгресот и Сенатот, кои се први средби на највисоко парламентарно ниво меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија



Вторник, 26 ноември 2013 година

Вишеградската група на земји - пример за соработка и помагање на соседите

Координаторите на Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, односно г-ѓа Силвана Бонева, г. Игор Ивановски, г. Неџати Јакупи и г. Имер Алиу, остварија средби со Делегација на политичките директори на Вишеградските земји, придружена од извршниот директор на Вишеградскиот фонд, г-ѓа Карла Вустерова



Вторник, 26 ноември 2013 година, Брисел

Доброто владеење и управување со јавните финансии - компонента од фундаментална важност

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, како дел од Собраниската делегација која учествува на парламентарниот семинар во Европскиот парламент во Брисел, имаше свое обраќање на тема: „Како глобалната економска криза влијае на напорите на земјите аспиранти да ги исполнат критериумите за пристап и кои би биле решенијата?“



Вторник, 26 ноември 2013 година, Брисел

Собраниска делегација на парламентарен семинар за влијанието на глобалната економска криза

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Владанка Авировиќ, претседател на Комисијата за економски прашања и членовите на Комисијата: г. Николче Ацевски, г. Драган Цуклев и г-ѓа Јулиета Марку, учествува на парламентарен семинар во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија, на тема: „Економската криза и влијанието на политиките на Европската унија врз земјите во процесот на проширување"



Понеделник, 25 ноември 2013 година

Меѓупарламентарната соработка треба да биде витален дел во евроинтегративниот процес

Во Собранието на Република Македонија, денеска се одржа Осмата конференција на парламентарни Комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа - КОСАП.



Понеделник, 25 ноември 2013 година

Граѓанскиот сектор значаен во евроинтегративните процеси на земјите-аспиранти за ЕУ членство

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, од 21 до 23 ноември 2013 година, учествуваше на работилница на тема: „Поттикнување на граѓанското општество во земјите-кандидати и потенцијални земји-кандидати за ЕУ членство“, што во организација на Меѓународното европско движење се одржа во Будва, Црна Гора



Петок, 22 ноември 2013 година

Пратениците Марјанчо Николов и Владанка Авировиќ на Конференција во Црна Гора

Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, г. Марјанчо Николов и претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ учествуваa на Конференција на тема: „Oдносите помеѓу Врховните ревизорски институции и Парламентите на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ“, што се одржа на 18 и 19 ноември 2013 година во Пржно, Црна Гора



Четврток, 21 ноември 2013 година

Македонија е добар пример за почитување на малцинските права

Барањето азил во Германија и правата на малцинствата во Македонија, беа во фокусот на средбата меѓу Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија и Делегацијата на Комисијата за внатрешни работи на Саксонското покраинско собрание



Вторник, 19 ноември 2013 година

ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 43. седница, одржана денеска, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата (второ читање);
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште (второ читање);
  3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (прво читање);
  4. Предлогот на законот за консолидација на земјоделско земјиште (прво читање).

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и Предлогот на законот за консолидација на земјоделско земјиште, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот

Комисијата ги проследи сите Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 



Понеделник, 18 ноември 2013 година

Седумдесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 72. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законoт за јавните патишта;
  2. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законoт за превоз во патниот сообраќај.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Џелал Бајрами, заменик на министерот за транспорт и врски.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Комисијата, без дискусија, едногласно, оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.



Петок, 15 ноември 2013 година, Белград

Размената на добри искуства исклучително корисна за Собранијата на Македонија и Србија

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Комисијата за европски прашања г. Хајрула Мисини, а во состав: г. Малиша Станковиќ заменик-претседател на Комисијата за економски прашања и г. Гордан Георгиев член на Комисијата за европски прашања, денеска беа гости на Народното собрание на Република Србија.



Четврток, 14 ноември 2013 година

Јавна расправа на тема: „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во Република Македонијa”

Комисијата за здравство, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на Собранието на Република Македонија и Меѓупартиската парламентарна група за ХИВ во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., работната група на лица што живеат со ХИВ Заедно посилни и Националниот демократски институт одржaа јавна расправа  на тема: „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во Република Македонијa”.



Среда, 13 ноември 2013 година

Седумдесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 71. седница, одржана на 12 ноември 2013 година, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:



Вторник, 12 ноември 2013 година, Анкара, Турција

севкупните македонско-турски односи се на највисоко можно ниво

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција во состав: г. Кенан Хасипи, претседател на пратеничката група, г. Амди Бајрам, г. Бехиџудин Шехаби, г. Газменд Алији и г. Ердоган Сарач, членови на пратеничката група претстојува во возвратна посета на Република Турција од 11 до 15 ноември 2013 година, на покана од г. Хусеин Бурге, претседател на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на Големо национално собрание на Република Турција



Вторник, 12 ноември 2013 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 42. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:



Вторник, 12 ноември 2013 година

Триесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Триесет и осмата седница, одржана вчера, како матично работно тело разгледа 17 Предлог-закони



Вторник, 12 ноември 2013 година

Осумдесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 84. седница  одржана на 8 ноември 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:



Четврток, 7 ноември 2013 година, Брисел

Собраниска делегација на Семинар за младите и образованието на Балканот

Делегација на Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, што ја предводи претседателот на Комисијата, г. Александар Спасеновски, во чиј состав се пратениците: г-ѓа Билјана Казанџиска, г-ѓа Дешира Имери и г-ѓа Мерал Узеири-Ферати, учествуваше на парламентарниот семинар на тема „Младите и образованието на Балканот", што се одржа во Европскиот парламент во Брисел, на 6 и 7 ноември 2013 година



Четврток, 7 ноември 2013 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 41. Седница, одржана вчера, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:



Четврток, 7 ноември 2013 година

Четириесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 40. седница, одржана на 1 ноември 2013 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Извештајот на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година, во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството.



Среда, 6 ноември 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Владата на Република Албанија, г. Еди Рама

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, му ја честиташе изборната победа на својот соговорник, посакувајќи му успешна работа во периодот што следи и истакна дека развивањето на добрососедски односи е еден од приоритетите на надворешната политика на Република Македонија, а со остварувањето на средби од највисоко ниво, постојано се зголемува квалитетот на заедничките пријателски односи

Вторник, 5 ноември 2013 година

Седумдесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 70. Седница, одржана денеска, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина - прво читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше, г. Абдилаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање и г-ѓа Јадранка Иванова, повереник од Министeрството за животна средина и просторно планирање.

Во образложението на Предлогот на законот, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Без дискусија, Комисијата за транспорт, врски и екологија, со 6 гласа „за“, оцени дека Предлогот на законот е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.

 


Понеделник, 4 ноември 2013 година

Осумдесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 83. седница, одржана денеска, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за проектот „Модернизација на блок 1 во ТЕ Битола“ кој ќе се склучи меѓу Дојче банка и АД ЕЛЕМ (по скратена постапка).



Понеделник, 4 ноември 2013 година

Осумдесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 82. седница, одржана на 29 октомври 2013 година, како заинтересирано работно тело, го разгледа Извештајот на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година.  



Петок, 1 ноември 2013 година

Поддршка за евроинтеграција на Македонија од европратеникот Дорис Пак

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева и пратениците: г-ца Христина Рунчева, г. Илија Димовски и г. Александар Спасеновски, остварија средба со г-ѓa Дорис Пак, пратеник во Европскиот парламент и г-ѓа Ања Чимек, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“

Click