Понеделник, 30 ноември 2009 година
Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со министерот за меѓународна одбрана на Обединетото Кралство, бароницата Ен Тејлор

Во разговорите, претседателот на Собранието ги истакна високо развиените односи меѓу двете држави и изрази благодарност за принципиелната поддршка и помош која ја дава Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска кога станува збор за остварување на нашата стратешка цел - евроатлантските интеграции
Прочитај повеќе
Понеделник, 30 ноември 2009 година
Македонија доби визна либерализација

Советот на министри за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на Европската унија, на прес-конференција во Брисел, ја потврди визната либерализација за Македонија, Црна Гора и Србија, која ќе стартува од 19 декември годинава. Со одлуката се дополнува регулативата 539/2001 на ЕУ, односно овие три балкански земји преминуваат од „црната“ на „белата“ шенген-листа.
Прочитај повеќе
Понеделник, 30 ноември 2009 година
Евроинтегративниот процес е приоритет на Република Македонија
Комисијата за европски прашања, во Собранието на Република Македонија организираше јавна расправа на тема „Преку преговори до ЕУ“. Воведно излагање имаше претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп-Арсов, а свои обраќања имаа амбасадорот на Кралството Шведска (актуелен претседавач со ЕУ) во Република Македонија, Н.Е. Ларс Фреден, амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Алан Брајан Бергант, г. Александар Кржаловски, претседател на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и државниот советник во Секретаријатот за европски прашања, г. Драган Тилев
Прочитај повеќе
Понеделник, 30 ноември 2009 година
Самит ЕУ - Кина

Денеска во Нанкинг ќе се одржи 12. средба на врвот меѓу Европската унија и Кина, на која кинескиот премиер, г. Вен Џиабао, ќе биде домаќин на премиерот на Шведска и претседавач со Унијата, г.Фредрик Рејнфелд и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо
Прочитај повеќе
Петок, 27 ноември 2009 година
Средби на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со новоименуваните амбасадори на Француската Република Н.Е Жан-Клод Шлумберже и на Република Перу Н.Е. Ернесто Ритлер

На средбата, претседателот на Собранието ги истакна пријателските односи и високоразвиената соработка помеѓу двете држави и тоа на сите нивоа и во сите области. „Поаѓајќи од принципиелната поддршка која Франција ја дава на Република Македонија во остварувањето на нашите стратешки цели, евроатлантските интеграции, верувам дека сега кога Република Македонија треба да го добие датумот за отпочнување на преговорите, таа поддршка ќе ја добиеме“, истакна претседателот Вељаноски.
Прочитај повеќе
Петок, 27 ноември 2009 година
Инклузија и интеграција на лицата со посебни потреби во нашето општество

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, денеска учествуваше на трибина организирана од Здружението на дефектолози и стручни лица Подај Рака во соработка со Здружение на граѓани Млади за млади, на тема: „Инклузија и интеграција на лицата со посебни потреби во нашето општество“.
Прочитај повеќе
Петок. 27 ноември 2009 година
Објавен составот на новата Европска комисија

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, на прес-конференција во Брисел, ја објави својата нова екипа, која треба да започне со работа на почетокот на следната година, откако ќе биде утврдена од Европскиот парламент. Нов комесар за проширување ќе биде г. Штефан Фуле од Чешка, кој ќе го наследи г. Оли Рен.
Прочитај повеќе
Петок, 27 ноември 2009 година
Четириесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Четириесет и третата седница, одржана на 26 ноември 2009 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (прво читање)
Прочитај повеќе
Четврток, 26 ноември 2009 година
ЈАВНА РАСПРАВА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Националниот совет за евроинтеграции, заеднички со Фондацијата „Фридрих Еберт“ организираа јавна расправа на тема „Политиките за унапредување на животната средина во Република Македонија".
Прочитај повеќе
Четврток, 26 ноември 2009 година, Стразбур
Европарламентот ја изгласа Предлог-резолуцијата за проширување на ЕУ

Европскиот парламент со мнозинство гласови ја изгласа Предлог-резолуцијата за проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан, Исланд и Турција. Европратениците побараа од Советот на ЕУ на Самитот на 7 декември да ја потврди препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Македонија за членство во Унијата.
Прочитај повеќе
Среда, 25 ноември 2009 година
Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, со новоименуваниот амбасадор на државата Израел за Република Македонија, Н.Е. Давид Коен

На средбата, претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, ги нагласи досегашните добри и пријателски билатерални односи, кои бележат нагорен тренд, за што говорат и бројните средби на високо ниво меѓу двете земји. Притоа, тој изрази надеж дека оваа зачестена комуникација и соработка со претставници на Државата Израел ќе продолжи и понатаму.
Прочитај повеќе
Среда, 25 ноември 2009 година, Стразбур
Делегација на Комисијата за европски прашања присуствуваше на Подготвителниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ
Притоа, еврокомесарот г. Оли Рен, го истакна значајниот напредок, што го постигна Република Македонија во изминатиот период, при исполнувањето на одредниците и изрази надеж дека нашиот евроинтегративен процес ќе продолжи со решавање на спорот со името
Прочитај повеќе
Среда, 25 ноември 2009 година, Комисија за еднакви можности на жените и мажите
Одбележана 10-годишнината од прогласувањето на 25 ноември за Меѓународен ден за искоренување на насилството врз жената

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на четиринаесеттата седница ја одбележа 10-годишнината од прогласувањето на 25 ноември за Меѓународен ден за искоренување на насилството врз жената, на иницијатива на Собранието на Интерпарламентарната унија, а воедно како втора точка на дневниот ред го разгледа и Предлог-законот за дополнување на Изборниот законик
Прочитај повеќе
Среда, 25 ноември 2009 година
Европарламентот расправа за проширување на ЕУ

На пленарната сесија на Европскиот парламент, која се одржува од 23 до 26 ноември во Стразбур, денеска европратениците расправаат за Предлог-резолуцијата на Европската комисија за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд.
Прочитај повеќе
Среда, 25 ноември 2009 година
Средба на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на државата Израел со амбасадорот Н.Е г. Давид Коен
Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на државата Израел, составена од г.Павле Трајанов, претседател на групата, г.Владо Стефановски и г-ѓа Лилјана Поповска, членови на групата, на 24 ноември 2009 година одржа средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Израел, Н.Е. г.Давид Коен
Прочитај повеќе
Среда, 25 ноември 2009 година
Деветнаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност
Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија на Деветнаесеттата седница, одржана на 24 ноември 2009 година, како матично работно тело ја разгледа Предлог-одлуката за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан
Прочитај повеќе
Среда, 25 ноември 2009 година
Триесетта седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на својата Триесетта седница, одржана на 23 ноември 2009 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2010 година.
Прочитај повеќе
Вторник, 24 ноември 2009 година, Сараево
Република Македонија е подготвена да ѝ помогне на Босна и Херцеговина во процесот за визна либерализација

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, заедно со членовите на делегацијата, пратениците г. Живко Пејковски, г. Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, денеска во Сараево оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, г. Жељко Комшиќ и членот на претседателството, г. Харис Силајџиќ.
Прочитај повеќе
Вторник, 24 ноември 2009 година, Стразбур
Лобирање за добивање на датум за отпочнување на преговорите за влез во Европската унија
Делегацијата оствари средби со европратениците: г. Кристијан Вигенин, г. Едуард Кукан, г-ѓа Тања Фајон, г. Алојз Петерле и г. Зоран Талер. На средбите заедничка беше констатацијата дека преговорите за спорот со името и преговорите за влез во Европската унија треба да се одвиваат на две паралелни патеки, односно да се користи словенечко-хрватскиот модел за решавање на проблемите
Прочитај повеќе
Вторник, 24 ноември 2009 година, Сараево
Средба на делегацијата на Собранието на Република Македонија со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина
Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот г. Трајко Вељаноски и членовите г. Живко Пејковски, г. Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, која е во дводневна посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе оствари средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, г.Жељко Комшиќ, г. Харис Силајџиќ и г. Небојша Радмановиќ.
Прочитај повеќе
Вторник, 24 ноември 2009 година, Стразбур
Европарламентот побара да се продолжи со реформи на патот за членство во ЕУ

На првиот ден од пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур, беше истакнато дека сегашните и потенцијалните земји-кандидатки мора да продолжат со реформите на патот за евентуално членство во Европската унија.
Прочитај повеќе
Вторник, 24 ноември 2009 година
Триесетта седница на Комисијата за труд и социјална политика
Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Триесеттата седница, одржана на 23 ноември 2009 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година
Прочитај повеќе
Вторник, 24 ноември 2009 година, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
Разгледан Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Дваесеттата седница одржана на 23 ноември 2009 година, како заинтересирано работно тело, го разгледа Предлог-Буџетот на Република Македонија за 2010 година.
Прочитај повеќе
Понеделник, 23 ноември 2009 година
Делегација на Собранието на Република Македонија оствари средба со претседателот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, со членовите на колегиумот на Претставничкиот дом и со член на колегиумот на Домот на народите

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, истакна дека Република Македонија, врз основа на постигнатите резултати, доби визна либерализација за нејзините граѓани, а во Извештајот на Европската комисија доби препорака за добивање на датум за отпочнување на преговорите. Очекуваме ова да биде потврдено и од страна на Министерскиот совет на ЕУ. Токму на прашањата поврзани со евроинтеграциите, треба во иднина да ја развиваме соработката меѓу двата парламента. Изразувам жалење што Босна и Херцеговина не беше опфатена со одлуката за визна либерализација, но убеден сум дека и вие наскоро ова ќе го добиете. Ние сме подготвени со вас, да ги споделиме сите наши искуства, истакна претседателот Трајко Вељаноски.
Прочитај повеќе
Понеделник, 23 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски во официјална посета на Босна и Херцеговина
Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски, заедно со г.Живко Пејкоски, г.Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, од денеска е во официјална посета на Босна и Херцеговина
Прочитај повеќе
Понеделник, 23 ноември 2009 година, Стразбур
Пленарна сесија на Европскиот парламент

Од 23 до 26 ноември, членовите на Европскиот парламент ќе одржат пленарна сесија во Стразбур, на која, меѓу другото, ќе расправаат и за стратегијата за проширување на Европската унија, посебно за Западен Балкан, Турција и Исланд.
Прочитај повеќе
Петок, 20 ноември 2009 година
ОбраЌање на Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, по повод потпишувањето на договор за соработка и партнерство со претставникот на УНИЦЕФ во Република Македонија, г.Шелдон Јет

Преку оваа соработка, Собранието на Република Македонија ја јакне својата улога во остварувањето на правата на децата. Притоа посебен акцент ќе се стави на анализи на релевантните предлози и постоечки закони, потоа надзорот на имплементацијата на политиките и стратегиите кои се носат, па сè до одобрувањето на буџетот, односно средствата потребни за заштита на правата на децата.
Главните активности кои произлегуваат од овој договор, вклучуваат основање на парламентарен управен одбор за правата на децата, чија примарна одговорност ќе биде да ја надгледува имплементацијата на Договорот за соработка и да учествува во иницијативи за промоција кои ќе ги поддржат целите наведени во договорот.
Прочитај повеќе
Петок, 20 ноември 2009 година
Херман ван Ромпуј - прв претседател на Европскиот совет, Кетрин Маргарет Ештон – прв министер за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија, на вонредна средба во Брисел, го назначија премиерот на Белгија, Херман ван Ромпуј, за прв претседател на Европскиот совет, додека британскиот еврокомесар за трговија, баронесата Кетрин Маргарет Ештон, е новиот висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ.
Прочитај повеќе
Петок, 20 ноември 2009 година
Петта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците
Комитетот за односи меѓу заедниците на 18 ноември 2009 година ја одржа Петтата седница со обраќање на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Хозе Луис Хереро, во врска со меѓуетничките односи во земјата.
Прочитај повеќе
Четврток, 19 ноември 2009 година, Брисел
Назначување на новите клучни позиции во ЕУ
Лидерите на држави и влади од Европската унија, денеска ќе се сретнат на работна вечера во Брисел, со цел назначување на новите клучни позиции во Европската унија, во пресрет на стапувањето на сила на Лисабонскиот договор.
Лидерите ќе ги објават имињата на првиот постојан претседател на Европскиот совет, на високиот претставник по прашањата за надворешни работи и политиката на сигурност, како и на генералниот секретар на Советот.
Кандидатите ќе ги заземат своите функции на 1 декември кога ќе стапи на сила Договорот од Лисабон.
Неофицијалната средба е на иницијатива на шведскиот премиер и претседавач со ЕУ, г.Фредрик Рејнфелд.
Прочитај повеќе
Четврток, 19 ноември 2009 година
Климата и енергетиката во фокусот на Самитот меѓу ЕУ и Русија

Климатските промени и енергетските прашања беа доминантни теми на третиот самит меѓу Европската унија и Русија, кој вчера се одржа во Стокхолм. Домаќин на Самитот беше шведскиот премиер и претседавач со Унијата, г.Фредрик Рејнфелд, а покрај неговиот гостин - рускиот претседател г.Дмитриј Медведев, учество зедоа и претседателот на Европската комисија, г.Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ, г.Хавиер Солана.
Прочитај повеќе
Среда, 18 ноември 2009, Стокхолм
Самит ЕУ – Русија
Денеска во Стокхолм ќе се одржи средба на врвот помеѓу Европската унија и Русија, на која шведскиот премиер, г.Фредрик Рејнфелд, во својство на претстедавач со Унијата ќе биде домаќин на рускиот претседател, г.Дмитриј Медведев.
На Самитот ќе учествуваат и претседателот на Европската комисија, г.Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ, г.Хавиер Солана.
Во фокусот на дискусиите ќе се најдат климатските промени, финансиската криза, енергетските прашања, надворешната и трговската политика, како и човековите права.
Прочитај повеќе
Понеделник, 16 ноември 2009 година
Работна средба на претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност со директорот на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, г.Влатко Ѓорчев, оствари работна средба со д-р Џон Роуз, директор на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“, Гармиш-Партенкирхен, Германија.
Прочитај повеќе
Понеделник, 16 ноември 2009 година
Учество на делегација на Собранието на Република Македонија во работата на комитетите на 55. заседание на Парламентарното собрание на НАТО

Се очекува Резолуцијата за реафирмирање на политиката на НАТО на отворена врата да се потврди на пленарната седница на ПС на НАТО што ќе се одржи на 17 ноември
Прочитај повеќе
Недела, 15 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, упати писмо до земјите-членки на ЕУ за поддршка во добивањето датум за почеток на преговори за членство во Унијата
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, упати писмо до земјите-членки на Европската унија, во кое бара поддршка од неговите колеги за донесување одлука на Европскиот совет во декември за одредување датум за почеток на пристапни преговори.
Во содржината на писмата испратени до своите хомолози, претседателот Вељаноски истакнува:
„Во рамките на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, ја користам оваа прилика, во светлина на претстојниот Европски совет во декември 2009 година, да побарам поддршка од сите земји-членки на Европската унија за прашање од исклучителна важност за мојата земја – почетокот на преговорите за членство во Европската унија.
Прочитај повеќе
Четврток, 12 ноември 2009 година
Средба на потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска со вицепремиерот за законодавство и министер за правда на Словачката Република, г-ѓа Виера Петрикова

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска денеска оствари средба со делегација на Словачката Република, предводена од вицепремиерот за законодавство и министер за правда на Словачката Република, г-ѓа Виера Петрикова
Прочитај повеќе
Четврток, 12 ноември 2009 година
Средба на претседателката на Законодавно-правната комисија, г-ѓа Благородна Дулиќ со вицепремиерот за законодавство и министер за правда на Словачката Република, г-ѓа Виера Петрикова

Претседателката на Законодавно-правната комисија, г-ѓа Благородна Дулиќ и членовите на Комисијата денеска остварија средба со вицепремиерот за законодавство и министер за правда на Словачката Република, г-ѓа Виера Петрикова
Прочитај повеќе
Четврток, 12 ноември 2009 година, Брисел
Европарламентот изгласа визна либерализација од 19 декември

Европскиот парламент во Брисел денеска го поддржа Извештајот за визна либерализација на Македонија, Србија и Црна Гора, подготвен од словенечката европратеничка Тања Фајон, со кој се предвидува слободно патување за овие три земји во Европа од 19 декември 2009 година, наместо првичниот термин 1 јануари 2010 година.
Прочитај повеќе
Четврток, 12 ноември 2009 година
Панел дискусија „Преглед на Собранието на Република Македонија“

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа панел дискусија на тема „Преглед на Собранието на Република Македонија“.
Прочитај повеќе
Среда, 11 ноември 2009 година, БриселПленарна сесија на Европскиот парламент
На 11 и 12 ноември Европскиот парламент ќе одржи пленарна сесија во Брисел по повод 20-годишнината од демократската револуција зад „Железната завеса“. Меѓу другото, утре ќе биде разгледан и Извештајот за визна либерализација на Република Македонија, Србија и Црна Гора, подготвен од словенечката европратеничка Тања Фајон.
Предлогот на Словенија е шенген визите за трите земји да бидат укинати на 19 декември годинава наместо на 1 јануари 2010 како што предложи Европската комисија.
Позицијата на Европа во однос на климатските промени пред декемвриската конференција во Копенхаген и раководните позиции во Европската унија ќе се најдат на дневниот ред пред европратениците.
Денеска тие исто така ќе дебатираат и за финансирањето на невродегенеративните заболувања, како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.
Дводневната сесија се одржува една седмица пред Самитот меѓу ЕУ и Русија, кој ќе се одржи на 18 ноември во Стокхолм.
Прочитај повеќе
Вторник, 10 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ја прими претседателката на Владата на Република Хрватска Јадранка Косор

На средбата која двете страни ја оценија како континуитет на високоразвиените пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека двете држави имаат заедничка стратешка цел, а тоа е интеграцијата во ЕУ. Ме радува што Хрватска и Словенија постигнаа договор околу отворените прашања со што Хрватска ги продолжува преговорите со ЕУ. Во исто време се надевам дека и Република Македонија по препораката од Европската комисија за добивање на датум наскоро ќе ги почне преговорите. Во овие изминати дваесет години од паѓањето на Берлинскиот ѕид, едно е сигурно, враќање на старото нема, а евроинтеграцијата е неминовен процес кој не може никој да го запре, истакна Вељаноски.
Прочитај повеќе
Сабота, 7 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски ќе го посети Јохан Тарчуловски во притворната единица во Шевенинген
Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски на враќање од посетата на САД, на 8 ноември 2009 година ќе го посети Јохан Тарчуловски во Притворната единица на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Холандија.
Прочитај повеќе
Сабота, 7 ноември 2009 година
делегацијата НА Собранието на Република Македонија во Вашингтон остварИ средби со раководството на НДИ, членови на Конгресот на САД, претставници на македонската дијаспора, како и со претставник на Стејт Департментот задолжен за европски прашања

Свесни сме за тоа колкави успеси постигна македонскиот парламент во изминатиот период, што придонесе Македонија да се споменува како модел за парламентарен развој, истакна претседателот на НДИ на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и потпретседателот, г. Јани Макрадули. Од присутните беше изкажано заемно задоволство од досегашната соработка, како и волја истата да продолжи.
Прочитај повеќе
Петок, 6 ноември 2009 година, Европски парламент, Брисел
Зоран Талер предложи да се усвои препораката на Европската комисија за Македонија

Во Европскиот парламент во Брисел, известувачот за Република Македонија, г.Зоран Талер, ја презентираше препораката од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија. Тој предложи Европарламентот да го повика Советот на министри да ја усвои препораката на Европската комисија за почеток на преговори за членство на Република Македонија во Европската унија.
Прочитај повеќе
Петок, 6 ноември 2009 година, Њу Делхи
Самит ЕУ - Индија

На Самитот меѓу Европската унија и Индија во Њу Делхи, во чиј фокус беа климатските промени, индискиот премиер Манмохан Сингх беше домаќин на премиерот на Шведска и претседавач со Европската унија, Фредрик Рејнфелд, како и на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо
Прочитај повеќе
Четврток, 5 ноември 2009 година
Делегација на Собранието на Република Македонија во Вашингтон оствари средба со сенаторот Џорџ Воинович и работен ручек со конгресмените Марк Саудер, Хери Мичел и Роберт Адерхолд

На средбата делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав е и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, со сенаторот г. Џорџ Воинович беше поздравен напредокот на Република Македонија, како и нејзината истрајност на патот на евроатлантските интеграции
Прочитај повеќе
Четврток, 5 ноември 2009 година
Четириесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Четириесет и првата седница како матично работно тело го разгледа Амандманот на членот 3 на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, поднесен од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Прочитај повеќе
Четврток, 5 ноември 2009 година
Осумнаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност
Комисијата за одбрана и безбедност на Осумнаесеттата седница, одржана на 4 ноември 2009 година, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита.
Прочитај повеќе
Среда, 4 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, присуствуваше на обраќањето на германскиот канцелар Меркел во Конгресот на САД и се сретна со спикерот на Претставничкиот дом Пелоси

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски имаше ретка можност да го проследи обраќањето на германскиот канцелар, г-ѓа Ангела Меркел во Конгресот на САД.
Прочитај повеќе
Среда, 4 ноември 2009 година
Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г.Јани Макрадули на Светската е-парламент Конференција 2009 во Вашингтон го презентираше македонското решение

Во рамки на отварањето на Светската е-парламент конференција 2009 во Вашингтон, на воведната сесија: „Примена на ИКТ во развојот на демократски институции", во име на Собранието на Република Македонија, свое обраќење имаше потпретседателот, г. Јани Макрадули. Тој го презентираше решението за Е-парламент на Собранието на Република Македонија, кое од Глобалниот центар за примена на ИКТ решенија во паралементи и ИПУ (Интерпарламентарна унија) беше селектиран како еден од најуспешните примери во светот.
Прочитај повеќе
Среда, 4 ноември 2009 година
Лисабонскиот договор потпишан и во Чешка

Чешкиот претседател Вацлав Клаус го потпиша Лисабонскиот договор, со што се комплетира ратификацијата во сите 27 земји-членки на Европската унија. Вчера, откако Уставниот суд на Чешката Република го одобри европскиот реформски договор, претседателот го потпиша истиот.
Прочитај повеќе
Вторник, 3 ноември 2009 година
Делегација од Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Трајко Вељаноски оствари средба со конгресменот Дејвид Прајс, како и со претседателот на Меѓународниот Демократски Институт (ИРИ) и директорот на регионалната програма за Европа

Соработката со Република Македонија е една од подобрите кои сме ги имале, рече конгресменот Дејвид Прајс на вчерашната средба со делегацијата од Собранието на Република Македонија, во чиј состав се претседателот на Собранието Вељаноски и потпретседателот Макрадули. Она што ме радува е константната поддршка што евро-атлантското интегрирање ја ужива од сите граѓани на Република Македонија, но и од сите политички субјекти. Така беше во 2006 година, кога прв пат дојдов во Македонија, истото го забележав минатата година при посетата на вашата држава, а и од денешната средба можам да го потврдам истото
Прочитај повеќе
Вторник, 3 ноември 2009 година
Уставниот суд на Чешка го одобри Лисабонскиот договор – се чека само уште потписот на чешкиот претседател Вацлав Клаус

Чешкиот Уставен суд објави дека Лисабонскиот договор е целосно во склад со Уставот на Чешката Република, по што недостасува само уште потписот на претседателот на оваа земја, г.Вацлав Клаус, за тој конечно да биде ратификуван од сите 27 земји-членки на Европската унија.
Прочитај повеќе
Вторник, 3 ноември 2009 година
Четврта седница на Комитетот за односи меѓу заедниците
Комитетот за односи меѓу заедниците, на 30 октомври 2009 година (петок), ја одржа Четвртата седница со дневен ред - Презентација на г.Абдулаќим Адеми, заменик-претседател на Владата на Република Македонија, во врска со целите и функциите на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, како и за нивото на спроведувањето на Рамковниот договор и состојбата на правичната и адекватна застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија
Прочитај повеќе
Понеделник, 2 ноември 2009 година
Учество на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на Светската конференција Е-парламент во Вашингтон
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски заедно со потпретседателот на Собранието, г.Јани Макрадули ќе учествува на Светската конференција Е-парламент во Вашингтон.
Прочитај повеќе
Понеделник, 2 ноември 2009 година
Самит ЕУ - САД

Утре во Вашингтон ќе се одржи самит меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, на кој американскиот претседател г.Барак Обама ќе биде домаќин на премиерот на Шведска како претседавач со ЕУ, г.Фредрик Рејнфелд. На средбата исто така ќе учествуваат и претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и сигурносна политика, г.Хавиер Солана.
Прочитај повеќе