Сабота, 26 ноември 2011 година
 
Положување венец свежо цвеќе 

По повод 110 години од раѓањето на Емануел Мане Чучков, потпретседател на Президиумот на АСНОМ, делегација на Собранието на Република Македонија, на 27 ноември 2011 година (недела), во 11.00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на неговиот гроб во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел.

Собраниската делегација ќе ја сочинуваат г. Владимир Ѓорчев, г. Веле Ѓеоргиевски и г. Благоја Стојановски.


Среда, 16 ноември 2011 година

Учество на собраниска делегација на состанокот на Комисијата за обрски и заложби на земјите-членки на Советот на Европа

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски и членот на Делегацијата г. Игор Ивановски, на 17 ноември 2011 година во Париз, Франција, ќе учествуваат на состанокот на Комисијата за обрски и заложби на земјите-членки на Советот на Европа (Мониторинг комисијата)



Петок, 11 ноември 2011 година

Положување венци свежо цвеќе

По повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г-ѓа Сузана Салиу, потпретседател на Собранието на Република Македонија и членовите г. Владимир Ѓорчев, г. Рафет Муминовиќ, г-ѓа Тања Томиќ и г. Сафет Бишевац, ќе положи венци свежо цвеќе



Петок, 11 ноември 2011 година, 12,00 часот, Сала на Влада

Давање свечена изјава

По давањето на свечената изјава г. Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе даде кратка изјава за медиуми

Среда, 9 ноември 2011 година
 
Учество на есенското заседание на парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ)
 
Во периодот 10-11 ноември 2011 година, во Белград, Република Србија, ќе се одржи есенското заседание на парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

Во работата на оваа конференција ќе учествува и шефот на Собраниската делегација на ЦЕИ, г-ѓа Весна Бендевска, која ќе има и свое обраќање на тема „Перспективите и развојот на Централно европската иницијатива“.


Среда, 2 ноември 2011 година

Деветти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија

На состанокот ќе учествуваат пратеници од Делегацијата на Собранието на Република Македонија и европратеници од Делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет -Република Македонија и Европска унија, а свои обраќања ќе имаат и г-ѓа Теута Арифи, заменик-претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, г. Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, г. Роберт Лидел, вршител на должност шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија и г. Ричард Хјуит, известител за Република Македонија од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент

Click