Делегации

Четврток, 23 мај 2013 година, Стразбур
 
Единаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ

Единаесеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, кој се одржа на 22 и 23 мај 2013 година во Европскиот парламент во Стразбур, Француската Република, каде учествуваше делегација на Собранието на Република Македонија во Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, предводена од г. Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (копретседавач на овој комитет), г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја и г. Андреј Петров, потпретседатели на делегацијата, г-ѓа Силвана Бонева, г. Антонио Милошоски, членови на делегацијата и г. Беким Фазлиу, заменик-член на делегацијата.

Вчера, за време на одржувањето на 11. состанок, пратениците имаа можност од службената галерија во пленарната сала да присуствуваат на дебатата на пленарната сесија на Европскиот парламент, каде се разгледуваше Предлог-резолуцијата по Извештајот за напредокот 2012, поднесен од Европската комисија.

На почетокот на дебатата беше објавено нивното присутуво на службената галерија и беа поздравени од претседавачот со сесијата, г. Ласло Сурјан, потпретседател на Европскиот парламент.  

Во текот на дебатата, мнозинството од европарламентарците повикаа на неодложно отпочнување на преговорите со Република Македонија, поради фактот што земјата ги исполни сите барани критериуми во рамките на ХЛАД, вклучително и напредокот во добрососедските односи. Беа пофалени сите реформи што земјата ги прави на патот на евроинтеграција.

Еврокомесарот Фуле побара од европарламентарците да го поддржат неговиот извештај со кој се бара земјата итно и неодложно да ги започне преговорите со Европската унија и потенцираше дека очекува итно и неодложно комплетно исполнување на договорот од 1 март и формирање на анкетна комисија за настаните од 24 декември.

Министерот за надворешни работи на Ирска, г-ѓа Лусинда Крејтон, се согласи со препораката на комесарот Фуле и истакна дека земјата е подготвена да ги започне преговорите со Европската унија, имајќи ги предвид постигнатите резултати во сите области опфатени со ХЛАД.

Денеска пратениците од службената галерија ја следеа расправата по амандманите на Предлог-резолуцијата на известителот Ричард Ховит, а воедно го следеа и гласањето на Резолуцијата во целост, која беше усвоена со големо мнозинство.
Click