Делегации

Четврток, 19 јули 2012 година

Дваесет и трето издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Во последното издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ за месец јуни 2012 година, централно место зазема успехот на македонската Делегација на 10-тиот Состанок на МПК во Брисел и усвоените препораки од состанокот, со кои парламентарците го повикаа Советот да ја потврди препораката на комисијата и да ѝ даде на земјата датум за почеток на преговори во текот на следното претседателство во 2012 година, изразија жалење за испуштањето на придавката „македонски" која се однесува на идентитетот, културата и јазикот на земјата, во Извештајот на Комисијата и ѝ препорача на Европската комисија повторно да ја воспостави својата пракса од претходните извештаи за напредокот и ја поздравија пресудата на Меѓународниот суд на правдата, констатирајќи дека истата претставува обврска за Грција да не го попречува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. 

Делегација од Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, оствари посета на Република Словенија, на која доминираше најпријателска атмосфера со искажано меѓусебно задоволство од високо поставените билатерални односи на двете држави на сите нивоа и на која уште еднаш се потврди поддршката на Република Словенија на еворатлантските аспирации на Република Македонија. Исто така, Делегација од Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, учествуваше на состанок организиран од страна на Европскиот парламент и Парламентот на Црна Гора во однос на Улогата на националните парламенти во процесот на преговори со Европската унија, на кој беше потенцирано значењето на почетокот на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Скопје и Брисел како мост до отпочнувањето на преговорите и улогата на телата задолжени за европски прашања во Собранието на Република Македонија во процесот.

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на Република Македонија реализираа серија на јавни дебати по однос на различни предлог-закони и за одредени политики и стратегии на владата, во кои беа вклучени претставници на граѓанското општество, како одлична можност да се чуе мислењето на експертската јавност и да се земат во предвид нивнит мислења пред донесувањето на овие закони.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:http://www.sobranie.mk/?ItemID=CE34543E8A02C145AEDBFA3FCA5837CE

a за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click