Делегации

Петок, 12 јули 2013 година

ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МПК

Посетата на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), г. Жан Клод Мињон, на Собранието на Република Македонија, средбата со претседателот Трајко Вељаноски, средбата со Делегацијата на Собранието во ПССЕ  и неговото обраќањето пред македонските пратеници зазема централно место во актуелниот број на Билтенот на МПК.

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, истакна дека испoлнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се од суштинско значење за создавањето на демократското општество и дека токму Советот на Европа беше организацијата преку која започна европското и евроатлантското интегрирање на Република Македонија  во 1993 година.  Претседателот мињон го пофали првото претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа од страна на Република Македонија, која покажа дека е подготвена и дека има капацитет активно да придонесува во решавањето на прашањата со кои се соочува Советот на Европа, застапувајќи ги интересите на 800 милиони европски граѓани. На средбата со Делегацијата на Собранието на РМ во ПССЕ  беше дискутирано за Извештајот за постмониторинг дијалогот со Република Македонија, кој беше оценет како урамнотежен и комплетен од страна на претседателот Мињон.

Во актуелниот број на Билтенот, претставен е состанокот на Поткомитетот за човекови права во Европскиот парламент во Брисел, на кој се разменија мислења за законскиот аспект на слободата на медиумите во Западен Балкан и Турција.

Собранието на Република Македонија беше претставено од страна на пратеникот Илија Димовски, кој во своето обраќање ги истакна достигнувањата на земјата во областа на декриминилизацијата на клеветата  и бројот на запрени кривични постапки како доказ за имплементација на новата регулатива со што дополнително се гарантира слободата на изразување и положбата на медиумите. Трета вест во Билтенот е седбицата на Националниот совет за евроинтеграции, на која од страна на вице-премирот задолжен за европски прашања беа презентирани Информацииите за реализираните активности од НПАА-ревизија 2013 година. Последната вест е јавната расправа на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство по Предлогот на законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, со кој се отвора можност за земјоделците кои го работат земјоделското земјиште да можат да го купат земјиштето на јавен и транспарентен начин. Целта на расправата беше да се слушнат мислењата и ставовите на сите засегнати страни пред донесувањето на овој Предлог на закон.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=CE34543E8A02C145AEDBFA3FCA5837CE

a за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

 

Click