Делегации

Петок, 6 април 2012 година

ДВАЕСЕТТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Во 20-то издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ направен е преглед на бројната меѓународната соработка и активностите поврзани со процесот на евроинтеграции на Собранието на Република Македонија за месец март 2012 година.

Меѓу посетите, издвоени се средбите со претседателот на Црна Гора г. Филип Вујановиќ, претседателот на Хрватскиот Сабор, г. Борис Шпрем и Парламентарната група за пријателство со Македонија од Парламентот на Шведска, со особен акцент на нивната поддршка на Република Македонија за нејзино зачленување во НАТО и Европската унија.

Значаен настан исто така е приемот на новиот амбасадор на Европската унија во Република Македонија, г. Аиво Орав кај претседателот Трајко Вељаноски и нивната размена на мислења за идните активности кои се значајни за двете страни, особено отпочнувањето на високиот претпристапен дијалог меѓу Република Македонија и Европската комисија.

Во Билтенот, даден е осврт и на јавната расправа на Националниот совет за евроинтеграции по работната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина, на која свој придонес дадоа голем број на експерти од областа од Република Македонија.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=CE34543E8A02C145AEDBFA3FCA5837CE

a за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click