Делегации

Петок, 4 декември 2015 година

Втора работна сесија на 13. состанок на МПК - РМ и ЕУ

Во рамките на 13. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, кој се одржува вчера и денеска во Собранието на Република Македонија, на почетокот од втората работна сесија се изврши размена на мислења со г. Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија.

Копретседавачот, г. Алојз Петерле, најпрво му даде збор на министерот Попоски, кој изрази благодарност од македонската страна до Европскиот парламент за поддршката во остварувањето на стратешките цели и воедно ја потенцираше целосната согласност од сите политички чинители во Република Македонија за нејзина евроинтеграција. Исто така, тој ја искористи можноста да ја поздрави поканата до Црна Гора за членство во НАТО, што е цел на целиот Балкан.

Потоа стана збор за евроинтегративниот пат на нашата земја; забелешките во Извештајот за напредокот; реформите кои континуирано се извршуваат; решавањето на спорот со името со Република Грција, како главна пречка за членство во ЕУ и НАТО; добрососедските односи; како и соочувањето на Република Македонија со миграциската криза. По дискусијата, следеа излагања и за слободата на говорот во медиумите и за реформите во изборникот законик. 

На крајот од состанокот, Мешовитиот парламентарен комитет, согласно член 3 од Деловникот за работа, упати препораки до институциите на Република Македонија и на Европската унија. 

Click