Активности



Среда, 28 октомври 2009 година

Триесетта седница на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците како матично работно тело на триесетатта седница одржана на 26 октомври 2009 година ги разгледа :

  • Предлог-законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија (второ читање);
  • Предлог-законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија (второ читање);
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот (второ читање);
  • Предлог-законот за Грбот на Република Македонија (второ читање). 

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија на своите седници водеа претрес по Амандманот на членот 2 став 1 на  Предлог-законот за Грбот на Република Македонија.

По одржаниот претрес, Амандманот на членот 2 став 1 со мнозинство гласови не беше усвоен. Согласно членот 155 став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, не е исполнет условот да се подготви Дополнет предлог на Законот за Грбот на Република Македонија.

По Предлог-законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот, согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Комисијата со мнозинство гласови заклучи Предлог-законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот да ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

 

Click