Активности

Вторник, 6 октомври 2009 година

Триесет и шеста седница на Комисијата за финансирaње и буџет

Комисијата за финансирaње и буџет на Триесет и шестата седница, одржана на 5 октомври 2009 година, како матично работно тело ги разгледа:

1. Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи (второ читање);

2. Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова -  КФВ по Договорот за  заем  за  проектот '' Наводнување на јужната долина на реката Вардар- фаза II '' (второ читање);

3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност  (второ читање);

4. Предлогот на закон за изменување на Законот за платниот промет (второ читање);

5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (второ читање);

6. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (второ читање).
 

- Во однос на Предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи (второ читање), до определениот рок согласно Деловникот не се поднесени амандмани од овластените предлагачи. 

Комисијата со пет гласа „за“ и два „воздржани“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон.

- За Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КФВ по Договорот за заем по Проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар - фаза II“ ( второ читање), претседателот на Комисијата констатира дека до определениот рок согласно Деловникот не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Комисијата со пет гласа „за“, еден „против“ и еден „воздржан“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Кредитната банка за обнова - КФВ по Договорот за заем по Проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар - фаза II“.

- Комисијата за финансирaње и буџет ги разгледа, но не ги усвои Амандманот за бришење на членот 1, Амандманот на член 2, Амандманот на член 2 во новиот став (3) и Амандманот на член 7 на Предлогот  на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност поднесени од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а не го разгледа Амандманот за бришење на член 5, бидејќи претставник на предлагачите истиот го повлече во текот на расправата.          

Комисијата со седум гласа „за“ и два „воздржани“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија  не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност.

- По Предлогот на закон за изменување на Законот за платниот промет (второ читање) не беа поднесени амандмани, па Комисијата со осум гласа „за“ и еден „против“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за изменување на Законот за платниот промет.

- За Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (второ читање), претседателот на Комисијата констатира дека до определениот рок согласно Деловникот не се поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Комисијата со шест гласа „за“ и три „воздржани“ заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка.

- Комисијата ги разгледа уште Амандманот на член 2 став (1) алинеја 1, Амандманот на член 5 за менување на новиот член 20-ж и Амандманот на член 6 на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Комисијата со шест гласа „за“ и три „воздржан" заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија  се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања.
Click