Активности

Петок, 16 октомври 2009 година

Европратеници ја поддржаа Македонија по добиениот позитивен Извештај од Еврокомисијата

На вчераршниот состанок на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент, неколку европратеници изразија поддршка за предлогот на Европската комисија за почеток на преговори за членство на Република Македонија во Европската унија. Европратеници, исто така, побараа визна либерализација за Балканот и имплементација на Протоколот од Анкара.

Членовите на Европарламентот, вклучително и г. Зоран Талер од Словенија, како известител за Република Македонија, ја поздравија препораката на Комисијата до Советот на Европа преговорите за членство да бидат отворени со Република Македонија.

„Заинтересираните страни мораат да го искористат новиот прозорец од можности, создадени од грчките избори и улогата која може да ја игра новиот грчки премиер, Георгиос Папандреу “, изјави г.Талер.

Еврокомесарот за проширување г. Оли Рен, кој присуствуваше на состанокот, нагласи дека „Атина, исто така, треба да го одигра својот дел“ и напомена дека предлогот на Комисијата треба едногласно да биде прифатен од сите 27 земји-членки на ЕУ.
Click