Активности



Понеделник, 5 октомври 2009 година

Ирците рекоа „да“ за Лисабонскиот договор

На вториот референдум за Лисабонскиот договор во Ирска, 67,13% од граѓаните гласаа за негова поддршка, а 32,87% не го поддржаа. Само во две од вкупно 43 изборни места, европскиот реформски договор доби преовладувачко „не“.

Минатата година на првиот референдум, 53,4% од Ирците го отфрлија Договорот од Лисабон. 

Целта на Лисабонскиот договор, кој на 13 декември 2007 година беше потпишан од претставниците на сите држави-членки на ЕУ, е да ја реформира Унијата и да ја подготви за идни проширување. Исто така тој претставува и Повелба за основните права на ЕУ и станува правно задолжителен.

Со него се менува начинот на донесување одлуки во Советот на ЕУ, се зголемува улогата на Европскиот парламент во законодавниот процес, се намалува бројот на членови на Европската комисија од 27 на 18 и се предвидува воведување на функцијата претседател на Европскиот совет, кој ќе има задача да обезбеди континуитет на работата на Советот и да промовира консензус меѓу сите членови.

Пред да стапи на сила, Лисабонскиот договор мора да биде потпишан од страна на сите 27 земји-членки на Европската унија.

Click