Активности



Четврток, 1 октомври 2009 година

Остварени средби со повеќе конгресмени

Во рамките на студиската посета, од 26 септември до 3 октомври 2009 год., на Американскиот конгрес, на парламентарната делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Петар Поп Арсов, Цветанка Иванова, Андреј Петров, Ермира Мехмети и Сафет Незири остварени се средби со конгресмените Дејвид Прајс, Ерл Померол, Лоис Капс, Раш Холт, Чарлс Бустани, Џеф Фортенбери и Џим Макдермор.

 На средбите се разменети мислења и ставови за  политичката и економска  ситуација во Република Македонија и пошироко во регионот, а станало збор и за учеството на Република Македонија со свои војници во Мисијата на НАТО во Авганистан, при што конгресменот Померол ја истакнал улогата што Македонија ја има во оваа мисија и дека ова наше учество САД особено  многу го респектираат.

 За време на посетата се реализирани и средби со потпретседателот на НДИ, Шери Брајан и потпретседателот  на ИРИ за стратегиско планирање Џорџо Фариал.

 

Click