Активности



Вторник, 13 октомври 2009 година, Стразбур

Пленарна сесија на Конгресот на локалните и регионални власти на Советот на Европа

Од 13 до 15 октомври Конгресот на локалните и регионални власти на Советот на Европа ќе ја одржи 17. пленарна сесија во Стразбур, како дел од подготовките во пресрет на декемвриската конференција на ООН во Копенхаген посветена на климатските промени.

Во рамките на Европската седмица за локална демократија, дебатите ќе се фокусираат на начинот како да се зголеми учеството на граѓаните во процесите на територијална, конкретно, посилна мобилизација на младите луѓе.

Клучната расправа ќе се однесува на улогата на територијалните органи во спречувањето на прекумерната задолжненост на домаќинствата, прашањето за понатамошно подобрување на европските региони, како и предностите и ризиците од електронската демократија на локалните власти. Исто така, ќе има гласање за извештајот за избор на првиот градоначалник на Ереван (Ерменија) и дебата за состојбата на локалните власти во Југоисточна Анадолија (Турција).

Дополнителни точки во дневниот ред на Есенската сесија се политичката декларација на Конгресот за 60-годишнината на Советот на Европа и изборот на нов генерален секретар на Конгресот.


Click