Активности



Вторник, 13 октомври 2009 година

Полска го ратификуваше Лисабонскиот договор

Претседателот на Полска, г.Лех Качински, на 10 октомври го потпиша указот за Лисабонскиот договор, со што се комплетираше ратификацијата на европскиот реформски договор во оваа земја. На тој начин, од 27-те земји-членки на ЕУ, сега недостига само уште потписот на чешкиот претседател г.Вацлав Клаус, за да може Договорот од Лисабон да стапи на сила.

„Реформскиот договор на ЕУ игра важна улога и за нас. Тој на Европа и ги носи потребните промени кои се итно неопходно“, изјави г.Качински.

На свечената церемонија во претседателската палата во Варшава, на чинот на потпишувањето, присуствуваа и претседателот на Европскиот парламент, г.Јержи Бузек, претседателот на Европската комисија, г.Жозе Мануел Баросо, како и шведскиот премиер и воедно претседавач со Европската унија, г.Фредерик Рајнфелд.

Полскиот парламент уште во април го одобри Лисабонскиот договор, но претседателот на земјата го чекаше исходот од вториот референдум во Ирска.

Click