Активности



Четврток, 8 октомври 2009 година

Потпретседателката на Собрание на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска ја прими делегацијата на Одборот за европски интеграции на Народната скупштина на Република Србија

Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска денеска имаше средба со делегацијата на Одборот за европски интеграции на Народната скупштина на Република Србија.

Потпретседателката истакна дека оваа посета е пријателска и во насока на добрососедски и добри билатерални односи. Посетата ќе придонесе за понатамошна соработка и Република Македонија има голем интерес за билатерално интензивирање на односите со нашиот северен сосед.

Исто така потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска ги запозна гостите со донесениот Закон за Собрание.

 

Click