Активности



Понеделник, 19 октомври 2009 година, Женева

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. трајко вељаноски оствари средба со потпретседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Шпанија, г-ѓа Тереса Кунилера Местрес

На маргините на 121 Собрание на Интерпарламентарната унија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со потпретседателот на Претставничкиот дом на параламентот на Шпанија, г-ѓа Тереса Кунилера Местрес и изрази задоволство од позитивниот тренд на развој на односите меѓу Република Македонија и Кралството Шпанија.

Претседателот Вељаноски ја информираше својата соговорничка дека минатата недела Република Македонија првпат доби позитивен извештај од Европската комисија во кој е содржана препораката за отпочнување на преговорите со Унијата, за што заслуга имаат сите граѓани на Република Македонија. Тој истакна дека Република Македонија продолжува со процесот на натамошна демократизација и спроведување на неопходните реформски процеси на државата. Претседателот, г. Трајко Вељаноски побара поддршка од Кралството Шпанија при одлучувањето на Советот на министри на ЕУ за добивање на датум за отпочнување на преговори со Унијата и како следна земја која ќе претседава со Унијата во првата половина на 2010 година изрази очекување проширувањето да остане високо на агендата на шпанското претседателство.

Госпоѓа Тереса Кунилера Местрес истака дека Шпанија е проевропска земја која е  многу ангажирана во мировните процеси во светот. Таа смета дека процесот на проширувањето на Унијата во значителна мера ќе придонесе за стабилизирање на балканскиот регион.

Двајцата соговорници се согласија дека е потребно продлабочување на билатералните односи на владино и на парламентарно ниво и се заложија за  зголемена соработка меѓу двете држави за време на шпанското претседателство со Унијата.       

На крајот двајцата соговорници изразија надеж дека во најскоро време ќе дојде до интензивирање и унапредување на меѓупарламентарната соработка на двете држави преку размени на посети на највисоко парламентарно ниво. 

 

Click