Активности



Четврток, 8 октомври 2009 година

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски во официјална посета на Република Хрватска

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски, а во која се и пратениците Благородна Дулиќ, Вулнет Амети и Томе Чингоски од денеска се во официјална посета на Република Хрватска.

Нашата делегација веднаш по пристинувањето во Загреб го посети Самобор и градскиот музеј каде што е и постојаната музејска поставка на познатиот македонски поет Коста Солев Рацин. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и членовите на нашата делегација положија цвеќе пред бистата на Коста Рацин.

Вечерва претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и членовите на нашата делегација во Загреб ќе имаат  средба со претставниците на македонската заедница во Република Хрватска, а утре започнуваат официјалните разговори со претседателот на Хрватскиот сабор Лука  Бебиќ. Исто така, претседателот на Собранието ќе има средба и со претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, како и со премиерот на хрватската Влада Јадранка Косор.

Click