Активности



Четврток, 22 октомври 2009

Работна средба на ИППГ за права на лицата со хендикеп со пратениците

Интер партиската парламентарна група за права на лицата со хендикеп ја одржа втората работна средба со пратениците во Собранието на Република Македонија.

Презентирањето на предлог Глобален акционен план (ГАП) на ИППГ за 2009 – 2012 година, формирањето на работните групи по дефинираните цели од ГАП и информација за активностите преземени во насока на ратификација на Конвенцијата при ОН за правата на лицата со хендикеп, беа дел од темите на дневниот ред.

На оваа средба беа изнесени глобалните цели, насоки и приоритети кои биле дефинирани на тридневната работна средба одржана во Нов Дојран во периодот од 2 до 4 октомври 2009 година.

Целите на делување кои беа определени од страна на членовите на ИППГ се:

  • Делување во насока на донесување на законски иницијативи преку промовирање, ратификување и примена на меѓународните  инструменти  кои го регулираат прашањето на хендикеп, донесување на ефикасна легислатива на национално ниво и мониторинг на имплементација на политиките и законските одредби;
  • Делување кон себе и околината со јакнење на капацитетот на ИППГ, размена на искуства со земјите во регионот, оддржливост на ИППГ и нејзина видливост;
  • Делување на локално ниво - иницирање за формирање на групи на локално ниво, покренување на иницијатива за креирање на локални акциони планови и препознавање на проблемите на локално и регионално ниво;
  •  Подигање на јавната свест и сензибилизација за феноменот хендикеп преку покренување на кампања за едукација  на политичките партии и нивните членови, поголема медиумска застапеност и едукација на лицата со хендикеп за нивните права.

Една од приоритетните активности кои членовите на ИППГ ја определија и на која се согласија да се фокусираат, е поднесување на иницијатива за Ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на 3 декември 2009 година.

Оваа средба е можност да се покаже дека лицата со хендикеп се присутни меѓу нас и дека треба да се работи на подигнување на свеста со цел заеднички да помогнеме во нивно интегрирање во општеството.

Click