Активности



Понеделник, 26 октомври 2009 година, Комисија за европски прашања

Разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 21 октомври 2009 година во прво читање го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г-дин Џевад Бучи, заменик-министер за внатрешни работи, кој ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија.

Заменик-министерот истакна дека бројот на бегалци кои престојуваат на територијата на Република Македонија е занемарлив и дека со овие квалитетни измени и дополнувања на законскиот текст ќе се решат проблемите од оваа област.

Во расправата учествуваа пратениците: Станка Анастасова, Христина Рунчева, Кенан Хасипи и Петар Поп-Арсов.

Комисијата едногласно му предлага на Собранието на Република Македонија дека Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за азил и привремена заштита е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

Click