Активности

Среда, 7 октомври 2009 година, Стокхолм

Самит ЕУ – Бразил: Со заеднички сили до успех во Копенхаген

Климатските промени и енергијата беа основните теми на кои се расправаше на Самитот на Европската унија и Бразил, кој вчера се одржа во Шведска. Домаќинот на средбата - шведскиот премиер г.Фредрик Рејнфелд, претседателот на Бразил, г.Лула да Силва и претседателот на Европската комисија, г.Жозе Мануел Баросо, се договорија да работат на намалување на емисиите на јаглерод диоксид и се согласија наскоро да остварат подготвителна средба во пресрет на декемвриската конференција за климата во Копенхаген.

Заедничкиот заклучок беше дека само со заеднички сили може да се успее во Копенхаген, дека сите мораат сериозно да го сфатат ова прашање и да преземат одговорност за истото.

ЕУ и Бразил договорија создавање на форум за воспоставување соработка за поттикнување на помал раст на јаглеродот и чиста технологија.

Светската економија и регионалните прашања за Хондурас и Иран исто така се најдоа на дневниот ред на Самитот.

Премиерот на Шведска ја искористи прес-конференцијата со новинарите за да го претстави постигнатиот политички договор за безвизно патување меѓу сите 27 земји-членки на ЕУ и Бразил.


Click