Активности



Среда, 21 октомври 2009 година

Семинар за „Вклучување на родот во создавањето национална безбедносна политика и во надзорот врз безбедносниот сектор“

Во Собранието на Република Македонија се одржа првиот дел од дводневниот семинар насловен како „Вклучување на родот во создавањето национална безбедносна политика и во надзорот врз безбедносниот сектор“, во организација на Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ), ОДИХР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Свое излагање имаа г-ѓа Лилјана Поповска, претседателот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г.Крсто Мукоски, заменик-претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, вршителот на должност заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е.Лиза Тинли, г-ѓа Барбара Хеаринг, пратеник во Парламентот на Швајцарија и поранешен претседател на Комисијата за одбрана, како и експерти од Шведска, Шпанија и Норвешка.

Учесниците расправаа на следниве теми:

- Вклучување на родот во националната безбедносна политика, при што беа изнесени практични искуства од Швајцарија;

-  Концептот на родот и реформата на безбедносниот сектор (РБС)и улогата на пратениците во осигурувањето на вклучувањето на родот во националната безбедносна политика (сфаќање на врската меѓу родот и РБС; улогата на пратениците во вклучувањето на родот во РБС; партнерство со граѓанското општество)  и

- Вклучување на родот во националната безбедносна политика: Кои се можностите и предизвиците во националниот контекст?

На семинарот беше потенцирано дека за спречување на насилството врз жените, кое во денешно време е секојдневие, потребна е силна политичка волја, вложување напор од страна на жените и мажите, конкретни одговорности и доволно ресурси.

Се потенцираа препораки и предлози за натамошна продолжителна работа за зацврстување на вклучувањето на родот во македонската националната безбедносна политика.

Click