Активности

Петок, 16 октомври 2009 година

Средба на пратеникот г.Марјанчо Николов со г. Коста Димитров, пратеник од Чешкиот парламент и претседател на Групата за чешко-македонско пријателство

На 16 октомври 2009 година во Собранието на Република Македонија беше остварена средба пoмеѓу г. Марјанчо Николов, пратеник и претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република и г. Коста Димитров, пратеник од Чешкиот парламент и претседател на Групата за чешко-македонско пријателство, по негово барање. 

Пратеникот Николов го истакна задоволството од досегашното исклучително високо ниво во билатералните односи, особено споменувајќи ја посетата на тогашниот премиер на Чешката република, г. Тополанек, за време на претседавањето на Чешката република со Европската унија. Исто така, г. Николов ја искажа благодарноста кон Чешката република за континуираната поддршка на напорите на Република Македонија за што поскоро европско и евро-атлантско интегрирање на земјата.

Пратеникот Коста Димитров истакна дека Групата за чешко-македонско пријателство е формирана на негова иницијатива токму во насока на зацврстување на севкупните добри билатерални односи. Изрази надеж дека наскоро ќе дојде до реализација на средба на членовите на двете групи и ја истакна големата заинтересираност на членовите на оваа група да им ги пренесат на колегите во македонското собрание своите искуства од доменот на парламентарното работење и улогата на парламентот во европската интеграција на земјата. 

Click