Активности



Понеделник, 5 октомври 2009 година, Комитет за односи меѓу заедниците

Средба на тема Решавање на меѓунационалните конфликти на локално ниво во Западен Балкан

Комитетот за односи меѓу заедниците, на 2 октомври 2009 година, во канцеларијата на претседателот на Комитетот, г. Џеват Адеми, на барање на г.Јулиус Голдман, менаџер на проектот CSSproject за Интегративно посредување, одржа средба на тема „Решавање на меѓунационалните конфликти на локално ниво во Западен Балкан“.

Претседателот, г.Џеват Адеми, ги запозна присутните за досегашната работа на Комитетот за односи меѓу заедниците за постигнувањата и целите во работата и воедно напомена дека Комитетот за односи меѓу заедниците за прв пат е целосно комплетиран од аспект на оформување на Стручната служба за потребите на Комитетот.

На средбата беше разговарано за надлежностите на Комитетот и за неговата улога во остварување на правата на националните заедници во Република Македонија.

Еден од проблемите којшто беше споменат во текот на разговорот од страна на претседателот е имплементацијата на законите и нефункционирањето на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво.

Господин Јулиус Голдман информираше дека проектот CSSproject за Интегративно посредување, почнал со работа 2006 година во општина Струга, каде се фокусирани на меѓунационалните односи, зајакнувајки го Советот за меѓунационални односи и решавање на проблемите на локално ниво. Споменатиот проект ќе почне да се реализира и во општините Гази Баба и Куманово.

Click