Среда, 31 октомври 2012 година
Седумнаесетта седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на Седумнаесетта седница, одржана на 24 октомври 2012 година, го разгледа Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија 2012, со посебен осврт на делот за родовата рамноправност
Прочитај повеќе
Среда, 31 октомври 2012 година
Дваесет и седма седница на Комисијата за европски прашања
Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и седмата седница, одржана на 24 октомври 2012 година, во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба.
Прочитај повеќе
Среда, 31 октомври 2012 година
Дваесет и шеста седница на Комисијата за труд и социјална политика
Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и шестата седница, одржана на 24 октомври 2012 година, ги разгледа:
Прочитај повеќе
Среда, 31 октомври 2012 година
Дваесетта седница на Комисијата за образование, наука и спорт
Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на Дваесеттата седница, одржана на 24 октомври 2012 година, го разгледа Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2012 година (Поглавје 4.25 - Наука и истражување и Поглавје 4.26 - Образование и култура)
Прочитај повеќе
Среда, 31 октомври 2012 година
Четврта седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија, на Четвртата седница, одржана на 24 октомви 2012 година, го разгледа Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2012 година, во делот 2.2. Човекови права и заштита на малцинствата
Прочитај повеќе
Вторник, 30 октомври 2012 година
Република Македонија да не ја изгуби својата цел – патот кон ЕУ

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија оствари средба со г. Петар Шуф, специјален пратеник за начелни прашања на надворешните односи на ЕУ, како и за односи со земјите-членки на ЕУ за Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Прочитај повеќе
Понеделник, 29 октомври 2012 година
Регионална работилница на Парламентарните комисии за економија и финансии на земјите од Западен Балкан

„Зајакнување на улогата на парламентите и владите во промовирање на компететивноста и економскиот раст во земјите од Западен Балкан“ – беше темата на Регионалната работилница на Парламентарните комисии за економија и финансии на земјите од Западен Балкан, која се одржа од 26 до 28 октомври 2012 година, во Милочер, Република Црна Гора, а во организација на Вестминстер фондацијата за демократија
Прочитај повеќе
Понеделник, 29 октомври 2012 година
Јавна расправа на тема: „Како до подобар пристап на контрацепцијата во Република Македонија"
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Република Македонија, во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., на 26 октомври 2012 година, одржа јавна расправа на тема: „Како до подобар пристап на контрацепцијата во Република Македонија"
Прочитај повеќе
Понеделник, 29 октомври 2012 година
Осумнаесеттата седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Осумнаесеттата седница одржана на 22 октомври 2012 година како матично работно тело ги разгледа
Прочитај повеќе
Понеделник, 29 октомври 2012 година
Четириесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и втората седница, одржана на 22 октомври 2012 година, како заинтересирано работно тело ги разгледа
Прочитај повеќе
Петок, 26 октомври 2012 година
Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ

Оценувајќи ги односите меѓу двете држави како многу добри, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, истакна дека тие се во постојан подем и постои зaемен интерес за нивно развивање и надградување во духот на добрососедски односи на сите нивоа и на сите полиња. Тоа не само што е во интерес на двете држави и на нашите граѓани, туку дава голем придонес во стабилноста на регионот и неговата евроатлантска перспектива
Прочитај повеќе
Петок, 26 октомври 2012 година
Дваесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 21. Седница, одржана на 16 октомври 2012 година, како заинтересирано работно тело го разгледа Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2012 година
Прочитај повеќе
Понеделник, 22 октомври 2012 година
Пленарна седница на Европарламентот
Денеска и утре, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница во Стразбур, за време на која ќе се гласа за предлогот 2013 година да биде прогласена за европска година на граѓаните. По тој повод би се организирале низа настани за едуцирање на јавноста за правата на европските граѓани, посебно оние кои се однесуваат на студирање, работа, отворање сопствен бизнис и сл.
На денешната агенда ќе се најде буџетот за 2013 година и за периодот 2014-2020 година, додека утре ќе стане збор за банкарската унија, плановите на Економската и монетарна унија и за правата на авиопатниците.
Исто така, во текот на утрешниот ден ќе се одржи дебата со претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, г. Жозе Мануел Баросо и г. Херман ван Ромпуј, во врска со минатонеделниот самит на Советот.
За време на седницата, европратениците ќе гласаат и за давање финансиска помош од 40 милиони евра во седум земји зафатени од криза, како и за фармацевската трговија меѓу ЕУ и Израел. Меѓу другото, ќе се дебатира и за поморската безбедност и за трговскиот договор меѓу САД и Јапонија.
Европскиот парламент ќе продолжи со работа и на 25 и 26 октомври, кога ќе се разговара за цената на прехранбените производи и фреквенцијата на финансиските пазари. В петок ќе биде прогласен добитникот на наградата „Сахаров“ за слобода на мислата.
Прочитај повеќе
Петок, 19 октомври 2012 година
Развојот на демократијата на локално ниво е основа за демократијата на централно ниво за секоја држава

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, денеска прими делегација од општината Татлису од Северен Кипар, во чиј состав беа градоначалникот на општината, г. Хајри Орчан и претседателот на Советот, г. Музафер Ајдин.
Прочитај повеќе
Четврток, 18 октомври 2012 година
Средба на Комитетот за односи меѓу заедниците со д-р Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Унгарија

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети и членовите: г-ѓа Силвана Бонева, г. Ѓорѓи Коџабашиев, г. Васко Мицевски, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Оливер Спасовски, г. Орхан Ибраими, г. Амди Бајрам и г. Сафет Бишевац, вчера, на барање на д-р Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Унгарија, одржаа средба во врска со надлежностите на Комитетот и неговата улога во остварување на правата на заедниците во Република Македонија. На средбата присуствуваше и Н.Е. Дарко Ангелов, амбасадор на Република Македонија во Унгарија
Прочитај повеќе
Среда, 17 октомври 2012 година
Претседателот Вељаноски оствари средба со претседателот на парламентот на Унгарија, д-р Ласло Ковер

Пред почетокот на официјалните разговори, претседателот на Унгарскиот парламент, д-р Ласло Ковер, придружуван од претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, положи венец на Споменикот на паднатите херои за Македонија
Прочитај повеќе
Среда, 17 октомври 2012 година
Решението за името може да биде услов за влез во ЕУ, но не и предуслов за започнување на преговори

Евроинтегративниот пат на Република Македонија и проблемите со кои се соочува притоа, беа во фокусот на разговорите на средбата меѓу г-ѓа Силвана Бонева, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и д-р Ласло Ковер, претседател на Парламентот на Унгарија
Прочитај повеќе
Среда, 17 октомври 2012 година
Излезе дваесет и петтото Издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ
Дваесет и петтото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК – РМ и ЕУ) ги опфаќа активностите на Собранието на Република Македонија во месецсептември 2012 година. Клучен настан е средбата на евро-комесарот за проширување и политика на соседство, г. Штефан Фуле во Собранието на Република Македонија пред одржувањето на состанокот од Претпристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) во Владата на Република Македонија.
Прочитај повеќе
Среда, 17 октомври 2012 година
Четиринаесетта седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на првото, второто, третото и четвртото продолжение на 14. Седница, одржани на 8, 10, 15 и 16 октомври 2012 година, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за туристички развојни
Прочитај повеќе
Вторник, 16 октомври 2012 година
ЗАЕДНИЧКА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ И КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржаа седмата заедничка седница, посветена на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2012 година
Прочитај повеќе
Вторник, 16 октомври 2012 година
Јубилејна конференција на парламентарната димензија на ПСЈИЕ

Собранието на Република Македонија, во рамки на парламентарната димензија на Македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, вчера и денеска (15-16 октомври 2012 година), е домаќин на Меѓународната конференција „15 години од парламентарната димензија на ПСЈИЕ - минатото, сегашноста и европската иднина на Регионот“ и 7. состанок на Работната група за Парламентарната димензија на ПСЈИЕ.
Прочитај повеќе
Вторник, 16 октомври 2012 година, Никозија, Кипар
Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини на Конференција на КОСАК

Мисини се осврна на делот од приоритетите, посветен на политиката на проширувањето на Европската унија, која е една од најуспешните политики на Унијата, при што ја потенцира важноста Република Македонија на претстојниот декемвриски самит на Советот на ЕУ да добие датум за отпочнување на преговори за ЕУ членство
Прочитај повеќе
Понеделник, 15 октомври 2012 година
Обраќање на претседателот Вељаноски на Меѓународната конференција посветена на 15-годишнината на парламентарната димензија на ПСЈИЕ

Од име на Собранието на Република Македонија и од свое име, Ви посакувам добрeдојде, пријатен претстој и успешна и плодна работа. Навистина е големо задоволство да се биде домаќин и организатор на значаен настан, каков што е одбележувањето на годишнината на Првата конференција на претседателите на парламентите на државите-членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, иницирана од Парламентот на Република Грција и одржана во Атина, на денешниот датум пред 15 години
Прочитај повеќе
Петок, 12 октомври 2012 година
Нобеловата награда за мир за ЕУ

Европската унија ја доби Нобеловата награда за мир за 2012 година, како заслуга што повеќе од шест децении се залага за мир, помирување, демократија и човекови права
Прочитај повеќе
Среда, 10 октомври 2012 година
Обраќање на пpетседателот Вељаноски на свечена академија по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание

Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашата нација и држава, уште еднаш го исполнуваме аманетот со крв испишан од МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИЗАНИ!
Славејќи ја нивната жртва за каузата за слободна и независна Македонија, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ има сила да чекори кон вечноста!
Нема поголем доказ дека срцето на Македонија чука посилно од кога и да е, кога можеме гордо, во слобода, да се сетиме на заветот на младите борци срочен во синтагмата: „СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!“.
Зборови кои упатија недвосмислена порака до сите чии очи беа вперени кон Македонија
Прочитај повеќе
Среда, 10 октомври 2012 година
ИЗЈАВА на претседателот Вељаноски ПО ПОВОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2012 ГОДИНА

Неспорно е дека и овогодинешниов Извештај, впрочем како и сите досегашни, е реален приказ на постигнатото во изминатиот едногодишен период. Тоа значи одбележување како на позитивните придвижувања кои сме ги направиле, така и на прашањата и на забелешките на кои во иднина ќе треба повеќе да се задржиме и да посветиме повеќе внимание и енергија
Прочитај повеќе
Среда, 10 октомври 2012 година
Европската комисија препорача решавање на спорот со името во рана фаза на преговорите

Решавање на спорот со името меѓу Република Македонија и Република Грција во рана фаза на преговорите за членство во Европската унија – е новитет во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, кој денеска го претстави комесарот за проширување на ЕУ, г. Штефан Филе.
Прочитај повеќе
Среда, 10 октомври 2012 година
Седумнаесетта седница на Комисијата за економски прашања
Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Седумнаесеттата седница, одржана на 8 октомври 2012 година, како матично работно тело ги разгледа:
Прочитај повеќе
Вторник, 9 октомври 2012 година
Претседателот Вељаноски се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачка Република, г. Мирослав Лајчак

Во пресрет на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија, претседателот Вељаноски истакна дека повторно очекува, по четврти пат, препорака од Европската комисија за започнување на преговори, со надеж дека на крајот на годинава во декември, конечно ЕУ ќе определи датум за почеток на преговорите. Тој потенцираше дека јавното мислење во огромен процент е определено за зачленување во НАТО и ЕУ и дека Република Македонија за своја цврста стратешка определба ја има целосната интеграција во НАТО и ЕУ
Прочитај повеќе
Вторник, 9 октомври 2012 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА СЛОВАЧКАта РЕПУБЛИКА, г. ПАВОЛ ПАШКА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и претседателот на Групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Словачката Република, г-ѓа Соња Мираковска, денеска остварија средба со претседателот на Национален совет на Словачката Република, г. Павол Пашка.
Прочитај повеќе
Среда, 9 октомври 2012 година
Дваесет и втора седница на Комисијата за надворешна политика
Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 22. седница, ги разгледа:
Прочитај повеќе
Вторник, 9 октомври 2012 година
Единаесетта седница на Комисијата за култура
Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Единаесеттата седница, одржана на 3 октомври 2012 година, како матично работно тело ги разгледа
Прочитај повеќе
Среда, 3 октомври 2012 година
Дваесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 20. седница одржана на 2 и 3 октомври 2012 година, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој
Прочитај повеќе
Среда, 3 октомври 2012 година
Четириесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четириесет и прва седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, поднесен од пратениците Александар Николоски и Лилјана Затуроска (по скратена постапка).
Прочитај повеќе
Понеделник, 1 октомври 2012 година
Средба на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска со претставници на германскиот Бундестаг

На средбата присуствуваа германскиот пратеник, г-ѓа Мариа Флексбарт и членовите на комисијата г-ѓа Габриела Вендорф, трет претседател на Техничкиот универзитет од Берлин и г. Рандолф Кригер, висок службеник во администрацијата на германскиот Бундестаг. Исто така на средбата присуствуваше и амбасадорот на СР Германија во Република Македонија, Н.Е. Гудрун Штајнакер и советникот за културна соработка, г-ѓа Катерина Науман
Прочитај повеќе