СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧЕНИЦИ ОД СР...

20 март 2018 година

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

На 20 март 2018 година, ученици од Младинскиот образовен форум, учествуваа на еднодневен едукативен семинар со работен наслов „Демократијата и Собранието“. 

Целта на семинарите е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.

Прочитај повеќе

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА: ПАРЛАМЕНТОТ (СОБРАНИЕТО) КАКО О...

19 март 2018 година

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА: ПАРЛАМЕНТОТ (СОБРАНИЕТО) КАКО ОСНОВНА ИНСТИТУЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО ПРАВО

На 19 март 2018 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт се одржа едукативен семинар на кој присуствуваа 28 студенти запишани на правни и политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ од Скопје.

Прочитај повеќе

ПРОМОЦИЈА НА ЗАЕДНИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ - БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА ...

13 март 2018 година  

ПРОМОЦИЈА НА ЗАЕДНИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ - БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА СО ШВАЈЦАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Парламентарниот институт и службата на Швајцарскиот федерален парламент на 13 март 2018 година го промовираа заедничкото истражување за јавниот долг и неговата структура. 

На настанот присуствуваа пратениците од опозицијата и владејачките партии во Собранието, како и претставници од граѓанскиот сектор. 

Прочитај повеќе

Еднодневен семинар за студенти...

20 ноември 2017

Еднодневен семинар за студенти

Студенти од втора година од Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, учествуваа на едукативен еднодневен семинар, кој се одржа на 20 ноември во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

Прочитај повеќе

Октомври - месец на Отворени денови во Собранието...

Октомври 2017

Октомври - месец на Отворени денови во Собранието на Република Македонија

Поради зголемениот интерес за посета на законодавниот дом, во месец октомври се реализирани девет отворени денови за посета.  Ова претставуваше можност 1237 граѓани и ученици, распоредени во 29 организирани групи, да го разгледаат свечениот дел на зградата на Собранието, што претставува значајно обележје на македонската државност. 

Прочитај повеќе

Еднодневен семинар наменет за студенти од правни и политичк...

20 октомври 2017

Еднодневен семинар наменет за студенти од правни и политички студии

Студенти од прва година запишани на правни и политички студии на Правниот факултет  при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, учествуваа на едукативен еднодневен семинар, кој се одржа на 20 октомври во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

Прочитај повеќе

Меморандум за соработка ...

3 октомври 2017

Меморандум за соработка  

Во насока на вмрежување со академските институции, на 3 октомври 2017 година, Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија склучи Меморандум за соработка со Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ.

Прочитај повеќе

ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ НА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО 2017...

ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ НА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО

Во функција на континуирано зајакнување на административните капацитети на вработените од Службата на Собранието на Република Македонија, и во текот на 2017 година, Парламентарниот институт во соработка со училиште за странски јазици, организира и спроведува курсеви за изучување на јазици (германски, албански и француски јазик). Поради зголемен интерес, во текот на 2017 година, јазичните курсеви се спроведуваат и за пратениците и за нивните асистенти.

Прочитај повеќе

ИДНИНАТА НА ИСТРАЖУВАЧКИТЕ СЛУЖБИ ВО ПАРЛАМЕНТИТЕ...

ИДНИНАТА НА ИСТРАЖУВАЧКИТЕ СЛУЖБИ ВО ПАРЛАМЕНТИТЕ

Раководителот на Парламентарниот институт, м-р Златко Атанасов, во рамки на Европскиот центар за парламентарни истражувања и документација одржа презентации на теми поврзани со иднината на службите за истражувања и анализи во парламентите.Во својот дел г. Атанасов даде свое видување за методолошкиот пристап кон прашањето за миграцијата како тема која е силно политички поларизирана, за начинот на прикажување на опциите и како да се прибира статистиката.

Прочитај повеќе

ОТВОРЕН ДЕН 29.9.17...

29 септември 2017 година

ОТВОРЕН ДЕН ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Последниот петок во месец септември, на 29.09.2017 година, се одржа Отворен ден за посета на Собранието на Република Македонија. Ова претставуваше можност 206 пријавени посетители, организирани во шест групи, да ги разгледаат најрепрезентативните простории во зградата на законодавниот дом, како значајно обележје на македонската државност.

Прочитај повеќе
123...5      
Click