Работни тела

Комисија за образование и наука



Комисијата за образование и наука има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- системот и организацијата на предучилишното воспитување и образование, основното, средното и високото образование;

- системот и организацијата на научно- истражувачката работа;

- создавањето, примената и вреднувањето на пронајдоците, патентите и другите инвентивни активности што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид на интелектуално творештво;

- информатиката, научниот и технолошкиот развој и техничката култура;

- физичкото воспитание и спорт;

- организацијата, развојот и функционирањето на информациониот систем во Републиката и

- други прашања што се однесуваат на образованието и науката.


Претседател: Љутфии Билал 
 

        Членови: Баткоски Димитар  
                        Глигороски Данило 
                        Симев Вангел 
                        Наумовски Рубенс 
                        Попов Стојан 
                        Бајрами Демуш 
                        Ханџиски Благој 
                        Макрадули Јани 
                        Шеќеринска Радмила 
                        Сулејмани Оломан 
 
Click