Комисија за политички систем
Комисијата за политички систем има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на
- функционирањето на политичкиот систем;
- именувањето на границите на Републиката;
- државните симболи и нивната употреба;
- системот на јавното информирање;
- правото на здружување на граѓаните и политичкото организирање;
- избирачкото право и начинот на избор на пратеници и членови на советите;
- референдумот;
- локалната самоуправа;
- народниот правобранител;
- Македонската православна црква и верските заедници;
- одликувањата, признанијата и наградите;
- празниците на Република Македонија;
- организацијата на државната управа и
- други прашања што се однесуваат на политичкиот систем.
Претседател: Черкезов Миланчо
Членови: Гаџовски Васил
Пандов Александар
Томов Панде
Прангоски Илија
Абдулаи Јонуз
Поповски Љубомир
Спасов Ѓорѓи
Алиу Абдула