Работни тела



Комисија за прашања на изборите и именувањата

Комисијата за прашања на изборите и именувањата има претседател и дванаесет члена од редот на пратениците на Собранието на Република Македонија.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • поднесувањето предлози за избори и именувања,односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со Устав, закон, деловник или друг акт на Собранието не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
  • предлагање состав на постојаните и повремените работни тела на Собранието;
  • предлага членови на управни органи и други тела во претпријатија, организации и институции кои ги избира, односно именува Собранието на Република Македонија, ако со Уставот, закон или друг акт не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
  • предлагање и именување на членови на Редакцискиот одбор на гласилото на Собранието на Република Македонија;
  • предлага, односно донесува одлуки за именување и разрешување претставници на Републиката во органите на управувањето и членови на конкурсни комисии за избор на индивидуални работоводни органи кои се во надлежност на Собранието на Република Македонија;
  • предлагање состав на одбори и други тела на Собранието за организирање и спроведување прослави на одделни историски настани од значење за Републиката и на други настани чие одбележување е потребно, како и за доделување на републички награди;
  • давање претходна согласност на актот за внатрешна организација и за систематизација на Службата на Собранието и
  • дава мислење по предлозите за избор, односно именување на носители на јавни функции кои ги избира односно именува Собранието на Република Македонија, а кои се предложени од други органи.

Комисијата, исто така :

  • разгледува предлози на прописи за платите и за другите примања на пратениците и функционерите што ги избира или именува Собранието, раководните работници што ги назначува Комисијата, како и на пратениците и функционерите на кои им престанала функцијата
  • донесува акти за кои е овластена од Собранието;
  • донесува поединечни решенија за платите и за другите примања на пратениците и на функционерите што ги избира или именува Собранието, како и за раководните работници што ги назначува Комисијата;
  • ја определува висината на надоместокот на трошоците за учество во работата на членовите на работните тела избрани од редот на научните и стручните институции и асоцијации;
  • ја определува, во согласност со прописите висината на дневниците, на трошоците за одвоен живот, на надоместокот за годишен одмор, на селидбените и други трошоци;
  • дава исправки на актите што ги донесува и објавува Комисијата во “Службен весник на Република Македонија” и
  • разгледува и други прашања што се однесуваат на изборите и именувањата.

ПретседателКралевски Чедомир 
  
         ЧленовиНевеновски Горан 
                            Ќосев Слободан 
                            Спанчевски Крале 
                            Трајановски Коце 
                            Лазов Горанчо 
                            Поповски Љубомир  
                            Гештаковски Александар 
                            Стојковски Благој  
                            Тахири Мевљан  
                            Вејсели Абдулади 
                            Анушев Љупчо 
                            Кадриу Назми  

Click