Комисија за внатрешна политика и одбрана
Комисијата за внатрешна политика и одбрана има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници. 
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на: 
- заштитата на поредокот утврден со Уставот, 
 
- државјанството; 
 
- судството, адвокатурата и јавното обвинителство; 
 
- амнестијата и помилувањето; 
 
- јавните собири и јавните приредби; 
 
- безбедноста на патниот, воздушниот, железничкиот и езерскиот сообраќај; 
 
- заштитата од природни непогоди и епидемии; 
 
- слободата на движењето и слободата на изборот на живеалиштето; 
 
- пријавувањето на живеалиштето и престојувалиштето;
 
- набавувањето, поседувањето, носењето, испробувањето и обележувањето на оружјето и муницијата; 
 
- матичните книги и заштитата на личните податоци; 
 
- личните имиња, личните карти и патните исправи; 
 
- преминот на државните граници и движењето во граничниот појас, движењето и престојот на странците; 
 
- одбраната на Републиката и цивилната заштита; 
 
- пописот на населението и 
 
- други прашања што се однесуваат на внатрешната политика и одбраната. 
 
Претседател: Пандов Александар 
  
          Членови: Стојменов Златко  
                            Флоровски Александар  
                            Мирчески Звонко  
                            Љутфии Билал  
                            Ханџиски Благој  
                            Китаноски Лазар  
                            Сулејмани Оломан  
                            Прангоски Илија