Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.
Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:
-земјоделското земјиште, шумите, пасиштата и другите природни богатства и природни сили;
-арондацијата, комасацијата и мелиорацијата;
-сточарството, полјоделството, овоштарството и лозарството;
-ловот и риболовот;
-животинскиот и растителниот свет;
-ветеринарно здравство и заштита на растенијата;
-премерот и катастарот на земјиштето;
-употребата и користењето на водите и одобрувањето на режимот на водите;
-хидромелиоративните системи и хидрометеоролошки работи и
-други прашања што се однесуваат на земјоделството, шумарството и водостопанството.
Претседател:
Сибиновски Борче Членови:
Черкезов Миланчо Трајков Горанчо Гарчевски Слободан Баткоски Димитар Тодоровски Павле Етеми Фатмир Бузлевски Димитар Стојановски Наќе Иванов Мирко Харуни Сејфедин