Активности

Петок, 1 октомври 2010 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа по Предлог на законот за ревизија

Националниот совет за евроинтеграции денеска организираше Jавна расправа по Предлог-законот за ревизија, закон кој произлегува од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија.

Образложение на предложениот закон за ревизија и објаснување за содржината на одредбите даде заменик-министерот за финансии, г. Недим Рамизи. Целта на Предлог-законот за ревизија е усогласување на националното законодавство од областа на ревизијата со законодавство на ЕУ, односно Директивата 2006/43/ЕЗ на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, за законска ревизија на годишните и консолидираните сметки.

Учесниците на Јавната расправа ја поздравија иницијативата на Националниот совет за евроинтеграции за организирањето на Јавната расправа, а во текот на истата беа изнесени предлози и забелешки во насока на подобрување на текстот на предложените одредби.

На јавната расправа со свои дискусии, предлози, забелешки и коментари учествуваа:  г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, г-ѓа Владанка Авировиќ и г. Борис Стојменов, пратеници во Собранието на Република Македонија, г. Борислав Атанасовски, претставник од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, г. Слободан Димитровски и г. Николче Спировски, претставници од Здружението на внатрешни ревизори на Македонија, г-ѓа Лидија Нануш, претставник од Друштвото за ревизиски, консалтинг и даночни услуги „Дилоит“, г. Ристо Котев, претставник од Друштвото за ревизија и консалтинг „Трио Консалтинг“, г-ѓа Соња Чулева, трговец поединец за ревизија, проценка и судско вештачење, г. Звонко Кочовски, претставник од друштвото за ревизија „Димитров ревизија“ и г. Димитар Андоновски, претставник од друштво за ревизија „Бејкер Тили Македонија“. 

поканаПредлог-закон за ревизија заклучоцистенографски белешки

Click